Кои пијалаци не треба да ги пиете во лето?

Во текот на летните месеци температурите се качуваат и многу лесно може да се случи да дехидрирате. Поради тоа е важно да внесувате доволно течности за вашето тело да може да се избори со високите температури. Меѓутоа, многумина прават грешки со изборот на пијалак и наместо да ја спречат дехидрацијата, тие ја поттикнуваат.

Најдобриот пијалак за згаснување на жедта ви е секогаш достапен – вода. Но, доколку не сте голем фан на пиење вода во лето, советуваме барем да ги одбегнувате овие пијалаци.

Спортски пијалаци

Без разлика дали спортувате или не, спортските пијалаци изгледаат привлечно додека се во ладниот фрижидер, но треба да имате на ум дека тие се наменети за спортистите кои губат електролити како натриум и калиум поради напорните и долготрајните физички активности. Меѓутоа, тие содржат многу вештачки засладувачи и јаглехидрати кои содржат преку 100 калории и затоа не се препорачуваат за луѓе кои не се спортисти.

Пакувани сокови

Ако мислите дека пакуваниот сок е подобар за вас од газираниот сок, тогаш се лажете. Пакуваните сокови се штетни и имаат занемарлива хранлива вредност. Тие содржат големи количини шеќер и конзерванси, па поради тоа не можат да се сметаат како здрави. Тоа ваши и за соковите кои се на база на овошје.

Витаминска вода

Витаминската вода е една голема измама, нездрава и непотребна. Водата му е потребна на организмот, но ако пиете витаминска вода можете да претерате, посебно ако вашата исхрана содржи доволно витамини. Витаминската вода исто така содржи шеќер чија количина е понекогаш еднаква на онаа од Coca Cola.

Леден чај

Ледениот чај е многу вкусен пијалак, посебно за време на летото. Сепак, треба да се земе предвид дека ледените чаеви содржат шеќер, дури и оние „диетални верзии“ на ледени чаеви. Но, ледениот чај не е толку лош бидејќи е богат со антиоксиданси и го намалува ризикот од неколку болести.

Постојат алтернативи на сите овие пијалаци кои можете да ги направите во вашиот дом. Сварете чај и изладете го, за на тој начин да направите домашен леден чај. Исто така, можете на ладната вода да ѝ додадете лимон, праска или краставица.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Здравје

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Read more

8 секојдневни намирници што помагаат да се подобри здравјето

Read more

Едноставна промена на животниот стил може да го намали крвниот притисок

Read more

Кое е најлошо време да се мерите на вага?

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе

Taste Atlas објави листа на најдобрите сирења во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Читај повеќе

8 секојдневни намирници што помагаат да се подобри здравјето

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа животот во државата која официјално не постои?

Читај повеќе

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Читај повеќе

Едноставна промена на животниот стил може да го намали крвниот притисок

Читај повеќе