Кои познати весници бараат Асанж да не биде кривично гонет во САД?

Б.С.Б.
/ 28.11.2022 / 19:11

Весниците The New York Times, Guardian, El Pais, Le Monde и Der Spiegel ја повикаа американската администрација да престане кривично да го гони основачот на Wikileaks Џулијан Асанж за објавувањето голем број тајни документи.

Против 51-годишниот Австралиец во САД е поднесена тужба поради објавување на над 700.000 доверливи документи за американските воени и дипломатски активности, особено во Ирак и Авганистан, за што пишуваа овие пет весници од 2010 година. Доколку биде осуден, се соочува со затворска казна од 175 години.

Шведските власти поднесоа налог за апсење на Асанж во 2010 по обвиненија за силување и сексуално малтретирање. Подоцна тој беше уапсен во Велика Британија, каде што се наоѓал во тој момент, и чекал пресуда за барање за екстрадиција во Шведска. Две години подоцна побарал азил во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што остана во наредните седум години. Во 2019 година Шведска ги повлече обвинувањата против него. Во 2019 година Еквадор од Асанж побара да ја напушти амбасадата, по што беше уапсен од британската полиција и моментално се наоѓа во затвор со висок степен на обезбедување во близина на Лондон, во очекување на судскиот одговор на жалбата против одлуката на британската влада да го екстрадира во САД.

„Собирањето и објавувањето чувствителни информации кога тоа е од јавен интерес е главен дел од секојдневната новинарска работа“, пишуваат главните уредници и директори на петте весници.

„Ако оваа работа се криминализира, тоа во голема мера ќе го ослаби не само квалитетот на јавната дискусија, туку и нашата демократија“, предупредуваат тие. Весниците оценуваат дека „дванаесет години по првите објавувања“ е „време американската влада да се откаже од кривичното гонење на Џулијан Асанж“, „објавувањето не е кривично дело“.

Авторите истакнуваат дека законот за анти-шпионажа од 1917 година, на кој се повика Судот кога Доналд Трамп беше претседател, „никогаш не се применувал за новинари, медиуми и издавачи“.

„Ваквото обвинение е опасен преседан“ и ја „загрозува слободата на информирање“.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе