Љубов и секс

Кои прашања за сексот најчесто ги поставуваат бруцошите?

10. октомври 2017 - 18:42 | А.С.

Адолесценцијата е најзбунетата возраст бидејќи тогаш не сте ни деца, ни возрасни. Од вас се очекува огромна одговорност, а вие уште имате толку многу прашања.

На 18 години треба да изберете што ќе правите со животот, дали ќе студирате и каде, тогаш се случуваат првите посериозни и подлабоки врски во кои неретко составен дел е и сексот.

Освен ако родителите не ве седнале да ви објаснат што треба да знаете за да имате здрав и заштитен сексуален однос, другите опции се да прашате медицинско лице, да се потпрете на несигурните искуства на другарите/другарките или да се обратите на интернетот.

А таму, има подеднакво ист број на дезинформации отколку точни информации. Ова се петте најчесто поставувани прашања од бруцошите во врска со сексот, а одговор на нив дава Естел Харди, експертка за сексуално образование.

Дали сум заштитена од бременост во текот на седумдневна пауза од земање на контрацептивна пилула?

Тоа зависи од тоа која пилула ја користиш и како ја земаш, што е прилично индивидуално за секого. Ако правилно ја земаш пилулата, немаш необични нуспојави и седумдневната пауза е планирана за земање на пилулата, тогаш си заштитена во текот на таа пауза. Одговорот сепак не е чисто „да“ или “не“, па најдобро е да разговараш со гинекологот за типот на пилулата што ја земаш.

Колку често треба да се тестирам за сексуално преносливи болести?

После однос со секој нов партнер. Меѓутоа ако во одреден период (како на пример, одморот после сесија) го правип тоа секоја вечер, не може секој ден да одиш на тетирање, зошто понекогаш треба време за да се развие инфекцијата. Нормално е да се тестирате после секој нов партнер, особено ако сте имале незаштитен секс, но ако сметаш дека има ризик, ако чувствуваш симптоми или едноставно имаш лошо чувство поради некои муабет што си ги слушнал/а за твојот/твојата последен/последна партнер/ка, секако тестирај се.

Препораките сега гласат дека секоја сексуално активна млада личност треба да се тестира барем еднаш годишно. Има луѓе кои се тестираат на секои шест до осум недели. Дури и ако имаш само еден партнер, сепак тестирај се еднаш годишно.

Дали може да се заразам со сексуално пренослива болест и ако користиме кондом?

Да. Тоа зависи од тоа на која сексуално пренослива болест се мисли. Кондомите навистина ја намалуваат шансата од зараување со болести како кламидија, сифилис или трипер, но има болести што се пренесуваат преку кожата, како кондиломи, генитален херпес или срамни вошки, па кондомот не може да те заштити од тоа. Сепак, најдобра опција е секогаш да користите кондом.

Дали ХИВ се пренесува преку плунка?

Не. За да се заразите со ХИВ преку плунка ппотребна е една кофа плунка. Меѓутоа, ако пенисот на лице заразено со ХИВ се најде во устата на незаразено лице (машко или женско), а тоа лице има раничка или нешто слично, може да се пренесе вирусот. Тогаш не станува збор за плунката, туку вирусот се пренесува преку контакт со крв, а отворена рана значи отворен пат до крвотокот.

Што да правам ако после секс за една вечер не можам да се сетам  дали сме користеле кондом или не?

Најпрво, не паничи. Информирај се веднаш каде е најблиската клиника за сексуално здравје и побарај помош од нивните професионалци.

Во Македонија функционира Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А. каде може да се обратите со прашања за сексуалното здравје.

Коментирај