Кои протеини се поздрави: Од растително или од животинско потекло?

Ново истражување на американски и француски научници покажа дека растителните извори на протеини се многу поздрави за срцето во однос на оние од животинско потекло, пренесува магазинот „International journal of epidemiology“.

Истражување на научници од калифорнискиот универзитет Лома Линда и државниот Институт за агрономски истражувања во Париз, покажа дека лицата кои јаделе поголеми количини на месо биле изложени на поголеми ризици од срцеви заболувања, но тој ризик бил значително помал кај оние кои протеините ги црпеле од растителни извори.

Научниците собирале податоци од 81.000 испитаници и заклучиле дека лицата во чија исхрана преовладувало месо, за 60 отсто биле повеќе изложени на ризик од срцеви болести во однос на луѓето во чија исхрана преовладувала храна од растително потекло или веганска храна.

Поточно, кај нив тој ризик бил помал за 40 отсто.

Главниот автор на истражувањето Гари Фрејзер од универзитетот Лома Линда, веќе долго време верува дека главните извори на протеини од растително потекло, како леќа, грашок, грав, кикирики и така натаму, го штитат организмот од развој на срцеви заболувања, а ова истражување само ја потврди неговата претпоставка.

Тој потсетува дека вегетаријанството најчесто се однесува на начинот на исхрана, додека веганството е животен стил.

Ниту веганите ниту вегетаријанците не консумираат месо, но јадат млеко, јајца и мед, а веганите од својата исхрана ги исклучуваат сите видови на храна од животинско потекло.

Фрејзер верува дека резултатите од ова истражување ќе поттикнат нови истражувања, околу тоа на кој начин есенцијалните аминокиселини од протеините од животинско потекло придонесуваат за зголемување на ризиците од срцеви болести, но и од зголемен крвен притисок, дебелина и зголемено ниво на маснотии во крвта.

За добивање на сите есенцијални аминокиселини важно е да се направи правилна комбинација на храна, а пример за тоа се оризот и грашокот.

И минатогодишно истражување поврзано со придобивките од пет различни типови на храна, покажа дека веганите во 42 отсто од случаите имаат помали шанси за заболување од срцеви болести, во однос на оние кои консумираат помалку овошје и зеленчук од нив.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Здравје

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more
 

Магазин

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе