Кои се 20-те највредни фудбалери пред летниот трансфер период?

Со завршувањето на сезоната 2018/2019 и постепеното отворање на новиот летен трансфер период, пазарната вредност на најголемите фудбалски асови ги интересира сите, од менаџерите на клубови до фудбалските фанови.

Business Insider состави листа од 21 фудбалер во која ги рангираше највредните во светот моментално, врз основа на податоци достапни на Transfermarkt, платформа што редовно составува детални рејтинг листи за фудбалерите по лиги.

На врвот на листата е 20-годишниот Килијан Мбапе од ПСЖ, со вкупна пазарна вредност од 229 милиони долари, а веднаш зад него е неговиот соиграч, Бразилецот Нејмар (27) кој е проценет на 206 милиони долари.

Напаѓачот на Барселона Лионел Меси е проценет на 183 милиони, а неговиот ривал, ѕвездата на Јувентус Кристијано Роналдо е на 19-то место, според статистичките податоци.

Рангирањето беше направено врз основа на податоци за должината на актуелните договори на фудбалерите, нивната моментална подготвеност и перформансите во последната сезона.

На листата има 19 фудбалери кои вредат над 100 милиони долари, од кои осуммина играат во Премиер Лигата, но и неколкумина млади фудбалери под 20 години на кои им се предвидува светла иднина.

Садио Мане, Ливерпул – 97 милиони долари

Пауло Дибала, Јувентус  - 97 милиони долари

Кристијано Роналдо, Јувентус  - 103 милиони долари

Пол Погба, Манчестер Јунајтед  - 103 милиони долари

Саул Њигез, Атлетико Мадрид – 103 милиони долари

Каи Хаверц, Баер Леверкузен – 103 милиони долари

Филипе Кутињо, Барселона – 115 милиони долари

Лирој Сане, Манчестер Сити – 115 милиони долари

Деле Али, Тотенхем  - 115 милиони долари

Н’Голо Канте, Челзи – 115 милиони долари

Џејдон Санчо, Борусија Дортмунд – 115 милиони долари

Рахим Стерлинг, Манчестер Сити – 137 милиони долари

Осман Дембеле, Барселона  - 137 милиони долари

Еден Азар, Челзи – 171,5 милиони долари

Кевин де Брујн, Манчестер Сити – 171,5 милиони долари

Антоан Гризман, Атлетико Мадрид, 171,5 милиони долари

Хари Кејн, Тотенхем – 171,5 милиони долари

Мохамед Салах, Ливерпул – 171,5 милиони долари

Лионел Меси, Барселона – 183 милиони долари

Нејмар, ПСЖ – 206 милиони долари

Килијан Мбапе, ПСЖ – 229 милиони долари.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе