ФИФА ги објави имињата и видеата на десетте фудбалери кои постигнаа најубави голови во 2016 година и кои се кандидати за освојување на наградата Пушкаш.
Оваа награда се доделува веќе пет години, а Вендел Лира кој денеска е професионален FIFA гејмер, ја освои минатата година иако имаше силна конкуренција од Лионел Меси.
На листата на кандидати за оваа година се Марио Гаспар (Шпанија), Хиомфо Кекаана (Јужна Африк), Марлоне (Коринианс), Лионел Меси (Аргентина), Нејмар (Барселона), Саул Нигуез (Атлетико де Мадрид), Хал Робсон Кану (Велс), Даниушка Родригез (Венецуела), Симон Скраба (Атвидабергс ФФ) и Мохд Фаиз Субри (Пулао Пинанг).
Погледнете ги сите голови во видеото.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=bINyWAVo_xE]