Кои се најчестите сексуални фантазии на мажите и на жените?

Сексуалните фантазии не се тема на која често и јавно се разговара, но со сигурност се нешто за кое секој од нас размислува.

Во едно истражување на оваа тема, спроведено пред неколку години во Канада, научниците анализирале 1.516 возрасни испитаници, од кои 799 биле мажи и 718 жени. На сите им биле поставени 55 прашања во врска со нивните еротски мисли.

На прашањата се одговарало на сала од седум нивоа, од „целосно се согласувам“ до „воопшто не се согласувам“.

Околу 85% од вкупниот број испитаници се изјасниле како хетеросексуалци, 3,6% како хомосексуалци, а останатите како „нешто помеѓу“, односно бисексуалци или со неодредена сексуална ориентација.

Резултатите од истражувањето донекаде изненадуваат, а донекаде се очекувани.

Мажите имаат сексуални фантазии почесто од жените, но разликата во проценти не е драстична. Најголема разлика меѓу половите се покажува во поглед на она што следи по фантазијата. Мажите во поголемиот број случаи сакаат да ги остварат своите фантазии, а жените јасно ги одвојуваат фантазиите од реалноста – кај нив не постои голема желба фантазирањето да се спроведе на дело.

Ова се најчестите фантазии кај мажите и кај жените, според анализите на резултатите од истражувањето:

Изненадувачки висок процент на жени (30 до 60%) рекле дека фантазираат за ситуации во кои ќе бидат во потчинета положба, од врзување и плескање по задникот до погруб или екстремно груб секс. Овие испитанички нагласиле дека не сакаат ваквите фантазии да им се остварат.

Фантазиите што вклучуваат секс со странец исто така котираат високо на листата, а жените исто така често бираат и конкретни локации за ваквите фантазии.

Високо на листата сексуални фантазии кај мажите котира сексот во тројка. Речиси ист процент од жените во истражувањето го делат тоа мислење, со таа разлика што мажите многу сакаат да им се оствари оваа фантазија, а жените повеќе се колебаат.

Исто така, жените главно фантазираат за своите партнери, а кај мажите тоа не е случај. Тие главно фантазираат за прељуба, а предмет на фантазија се најчесто жени кои ги познаваат од нивната непосредна околина.

Примањето орален секс исто така високо котира, но пружањето причинува нешто помало задоволство. Многу мажи фантазираат да ја „фатат“ партнерката „во акција“ со друг маж, што не е случај со жените.

Истражувањето покажа и дека хетеросексуалните мажи изразиле значително поголем интерес за анален секс. Во поретките машки фантазии спаѓа сексот со проститутка или сексуална злоупотреба на жени онеспособени со алкохол.

Истражувачите од Универзитетот Квебек во Монтреал исто така заклучиле дека жените главно не сакаат детално да ги опишуваат своите фантазии, додека мажите не се воздржуваат од изнесување детали, дури и оние „најсочните“.

Интересен податок од истражувањето е и „фасцинантната спротиставеност“ на некои резултати, велат истражувачите. Тука спаѓа информацијата дека луѓето кои фантазираат за потчинетост често имаат фантазии во кои се доминантни, но не го исклучуваат и другото, односно сето тоа се поврзува со „виши нивоа на задоволство“.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе