Кои се најдобрите евтини смартфони?

Како што технологијата напредува, така станува и поевтина. Доказ за ова тврдење се огромниот број смартфони кои можат да се најдат по евтини цени, а кои имаат перформанси какви што можевме само да сонуваме пред нешто повеќе од три години.

Порталот Android Central состави кратка листа од смартфони со одлични перформанси, кои можат да се купат за помалку од 300 долари.

Многу уреди влегуваат во оваа класификација на евтини смартфони, посебно ако се земат предвид моделите на кинеските производители, за кои се вели дека имаат најдобра вредност во однос на парите.

Веќе неколку години Motorola е водечко име кога е во прашање сегментот на телефони со средно висока цена, па оваа компанија ја презема првата позиција и на листата на Android Central. Меѓутоа, на неа има уште неколку одлични алтернативи кои вредат повеќе од актуелната цена на пазарот.

Листата изгледа вака:

1 – Motorola Moto G7 – 300 долари

  • Поседува процесор Snapdragon 632, 4GB RAM, 64GB внатрешна меморија, USB-C приклучок и опција за брзо полнење

2 – Samsung Galaxy A7 – 285 долари

  • Екран со дијагонала од 6 инчи, 128GB внатрешна меморија за складирање податоци, батерија од 3.300 mAh, стандарден 3,5 mm приклучок за слушалки

3 – Huawei P20 Lite – 255 долари

  • Одличен дизајн на куќиштето од стакло и метал, со што неодоливо потсетува на флегшип телефоните на најголемите светски компании, надополнет со моќна батерија од 3.000 mAh

4 – Honor 7X – 220 долари

  • Octa core Kirin 659 процесор, 4GB RAM и батерија од 3.340 mAh

5 – Nokia 6.1 – 219 долари

  • 5,5-инчен 1080p LCD дисплеј, можност за работа на оперативниот систем Android One

6 – Motorola Moto E5 – 123 долари

  • Супермоќна батерија од 5.000 mAh, која ќе ги задоволи сите ваши потреби и процесор Snapdragon 425 за брзина во работењето.
реклама

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе
  • play_arrow

Со IQ 228 се смета за најпаметна во светот, а ретко кој слушнал за неа

Читај повеќе

Instagram воведува голема промена

Читај повеќе

Apple испрати важно предупредување до корисниците

Читај повеќе

Кинескиот ракетен мотор тежок 130 тони собори рекорди за време на тестирањето

Читај повеќе