Koи се најдобрите парфеми на сите времиња?

Кајгана
/ 18.01.2022 / 11:27

Сите си имаме омилен парфем. Но, кој е парфемот кој важи за најдобриот на сите времиња?

Страствените љубители на парфеми и познатата парфемска енциклопедија Fragrantica секоја година ги бираат најдобрите, а сега е познато кои парфеми ги однесоа заслугите.

За најдобар женски парфем на сите времиња е прогласен Coco Mademoiselle на Chanel кој е претставен уште во 2001 година.

Станува збор за цветен мирис. Горните ноти се портокал, бергамот, мандарина и цвет од портокал, средните се јасмин, мимоза и роза, а базните ванила, пачули, ветивер и бел мошус. Од неговото појавување на пазарот, неговата популарност не опаѓа.

За најдобар машки парфем на сите времиња е прогласен Dior Homme Intense, дрвенаст мирис со топли ноти на ирис и ванила. Парфемот е комбинација на мошусни акорди и ветивер, што го прави мажествен и елегантен. Посебно е соодветен за навечер.

За најдобар женски парфем во 2021 година е прогласен Yves Saint Laurent Libre Intense, кој е опишан како мирис на инстинктивни, диви и слободни жени, подготвени да го освојат светот. Претставува уникатен спој на француска лаванда и сензуални ноти на цвет од портокал од Мароко.

За најдобар машки парфем во 2021 година е прогласен Dior Sauvage Elixir, кој воедно е и мирис со најголема концентрација на чист парфем. Содржи зачински ноти, есенција од лаванда и дрвенаста мешавина.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Стил

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more

Преполниот куфер ќе стане минато: Пробајте го генијалниот метод 333

Read more

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе