Кои се најдобрите вежби за вашето тело?

Можеби мислите дека трчањето на маратонска дистанца ќе биде најдоброто нешто што можете да го направите за вашето тело, но докторите од Харвард не би се сложиле со вас. Напротив, тие сметаат дека има барем 5 вежби кои се подобри за телото од трчањето.

Наместо трчањето на долги дистанци, кое може да биде штетно за зглобовите и дигестивниот систем, доктор Мин Ли од Универзитетот Харвард предлага 5 други вежби кои имаат повеќе бенефити за вашето тело.

Нејзините истражувања и мислења на темата можат да се најдат во книгата „Starting to Exercise“, која ги препорачува и петте најдобри вежби за телото.

 

Пливање

Според Ли, пливањето е најдобрата вежба за телото бидејќи е скоро совршена. Со пливањето се развиваат сите мускули на телото, а и се забрзува чукањето на срцето, што помага да се одржи неговото здравје, како и да се заштити мозокот од забавување на функциите кога ќе остарите.

 

Таи Чи

Таи Чи, или наречено уште и таи чи чуан, е кинеска боречка вештина која е составена од комбинација на различни грациозни движења кои креираат своевидна медитација во движење. Бидејќи вежбите се изведуваат бавно, таи чи може да го вежбаат луѓе на било која возраст.

 

Тренинзи за сила

Наједноставното објаснување на тренинзите за сила е дека тоа се вежби во кои личноста подига тежина за да креира отпор против гравитацијата. Таа тежина може да биде вашата тежина, тегови, предмети и слично. Можете да користите поголеми тежини ако сакате да имате побрзи резулати, или пак можете да правите повеќе серии со помалу тежини за да ги зацврстите мускулите во телото.

 

Пешачење

Можеби звучи смешно што пешачењето е тука, помеѓу другите многу потешки вежби, но тоа е многу корисен „лек“ за доброто здравје на мускулите. Дневната прошетка од 30-на минути може да има многу бенефити за здрајето на телото и на мозокот, а притоа и ослободува од стрес.

 

Кегел вежби

Кегел вежбите се многу важни за мажите и за жените, иако многумина не знаат ниту што точно се тие. Тие ги таргетираат мускулите околу карлицата, кои забрзано стареат и ослабнуваат со текот на годините. Овие вежби можете да ги правите и додека седите, а треба само да ги држите стегнати мускулите со кои задржувате урина или гасови, а потоа да ги испуштите и да го повторите процесот десетина пати.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фит

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе