95-тото доделување на Оскарите, кое ќе се одржи во Лос Анџелес ноќта меѓу 12 и 13 март.

Номинациите за наградите на Американската академија за филмска уметност и наука беа објавени на крајот на јануари, а како и секоја година, облозите се во тек. Коефициентите на обложувалниците често го откриваат победникот.
Многу награди, како што се Златните глобуси, БАФТА и САГ, се одржуваат пред Оскарите и се одличен показател за тоа кој би можел да ја земе златната статуетка дома. Оваа година, судејќи според претходните награди и обложувалниците, драмата Everything Everywhere All at Once се чини ќе освои најмногу награди.
Филмот исто така има и најмногу номинации за Оскар, 11. Кај обложувалниците тој филм има најдобри изгледи за победа. Во категоријата за најдобар филм, покрај Everything Everywhere All at Once, добра квота има и германскиот филм All Quiet on the Western Front. Мрачната комедија The Banshees of Inisherin е скриен фаворит во таа категорија.
Се очекува наградата за најдобро оригинално сценарио да ја добијат сценаристите на филмот Everything Everywhere All at Once, додека наградата за најдобро адаптирано сценарио би можела да ја добие филмот Women Talking.
Напнато е во категориите за најдобри актерки и актери. Во категоријата за најдобра главна женска улога се води тесна трка меѓу Кејт Бланшет, номинирана за улогата во филмот Tar и Мишел Јео, номинирана за улогата во Everything Everywhere All at Once. Букмејкерите сепак се повеќе наклонети кон Мишел.
Во категоријата најдобар актер, главни фаворити се Остин Батлер за неговата улога во биографскиот филм за Елвис Присли и Брендан Фрејзер за неговата изведба во The Whale. И двајцата веќе добија награди за овие улоги, па трката меѓу нив е многу тесна. Обложувалниците, од друга страна, се наклонуваат кон Фрејзер.
Во категоријата за најдобра споредна женска улога, битката се води меѓу Анџела Басет, која беше номинирана за улогата во филмот Black Panther: Wakanda Forever и Кери Кондон, која беше номинирана за The Banshees of Inisherin. Џејми Ли Кертис исто така беше номинирана во оваа категорија за нејзината улога во Everything Everywhere All at Once. Кери Кондон е фаворизирана од обложувалниците во оваа категорија, иако многу критичари ја наведуваат Анџела како победник.
Што се однесува до категоријата најдобар режисер, досега наградите ги добија различни режисери од листата на номинирани. Но, се претпоставува дека Академијата би можела да го награди делото на легендарниот Стивен Спилберг за биографската драма The Fabelmans.
Од друга страна, во категоријата за најдобар спореден актер е многу изразен фаворитот. Станува збор за Ке Нуј Кван, номиниран за Everything Everywhere All at Once. Исто така, меѓу стриминг платформите, Netflix се очекува да однесе најмногу награди.