Чек дис аут

Кои се најлошите туристи во светот?

18. мај 2019 - 16:34 | Б.С.Б.

Според истражување од 2015 година, направено од сајтот hotels.com, Аргентинците се познати како туристи кои најчесто крадат работи од хотелски соби. Исто така, и гостите од Сингапур важат за крадци, додека ова не важи за гостите од Хонгконг.

Но, кои туристи се најлоши?

Кинези

Кинеските туристи се склони кон навреди на вработените во авиони, познати се по вандализам на археолошки атракции, а имаат и навики да уринираат на јавни места.

Во 2016 година 122 милиони Кинези патувале некаде во странство, а дел од нив се однесувале непристојно.

Британци

Важат за љубезни туристи, но факт е дека на патувањата малку повеќе се опуштаат со алкохол па се случува да бидат видени како трчаат голи по улици. Многу светски весници имаат пишувано за измами од британски туристи кои лажираат труење со храна, барајќи надомест од хотелот во кој наводно се случило труењето.

Германци

Германците се водат строго по правила.

„Тие толку сериозно го сфаќаат одморот и патувањето, така што не сте сигурни дали се забавуваат. Ако во брошурата пишува дека на патувањето од аеродромот до сместувањето ќе добијат напитоци и грицки, тие на тоа ќе инсистираат, дури и по цена поради тоа да не ги видат пејзажите или атракциите покрај кои минуваат“, вели Ендру Имс од сајтот germanyswundeerbar.com.

Американци

Типичниот американски турист мисли дека сите би требало да прават сè на негова сметка. А за сè што не му одговара ќе се обиде да понуди пари за да си угоди себеси. Според пишувањето на сајтот asiaone.com, сè помалку се оние кои не ја почитуваат локалната култура.

Израелци

Овие туристи важат за груби, нестрпливи и гласни. За нив пишуваат и дека се склони кон расправање околу цената за сместувањето, односно дека се обидуваат да ги измамат хотелите.

Руси

За руските туристи се вели дека имаат став „знаеме дека никој нè не сака и не ни е гајле за тоа“. Свесни за однесувањето на руските туристи во странство руското Министерство за надворешни работи има направено брошура за однесувањето на патувањата во кое ги повикуваат своите граѓани на пристојно однесување. Според една анкета, 42 проценти од Русите ги сметаат своите сограѓани за најлоши туристи.

Коментирај