Свет

Кои се најмоќните земји за 2020 година?

21. јануари 2020 - 13:42 | А.С.

За една година не може да се сменат многу работи во светскиот поредок, па некои од земјите кои лани беа на врвот на листата најмоќни останаа таму.

Медиумската компанија US News and World Report ја состави листата за 2020 година, рангирајќи ги 80-те најмоќни земји во светот според нивната политичка, економска и воена моќ, базирано на одговорите на 21.000 луѓе.

На списокот се најдоа и четири земји од регионот: Србија, Хрватска, Словенија и Бугарија.

Србија се најде на 44. место за разлика од лани кога беше на 52. и опишана е како „мала држава во центарот на Југоисточна Европа, со богата воена историја уште од Средниот век. Современа Србија е противречност на модерна Европа – културно е богата, економски разиена, но уште ја водат регионалното соперништво и етничките тензии.“

Хрватска е на 67. место, што е подобрување од лани (75). Во извештајот за неа пишува: „Хрватска беше создадена на раскрсницата на големи историски движења од исток и од запад.“

Веднаш по неа на 68. место е Бугарија, а Словенија се наоѓа на дното на листата, на 73. место.  

Топ 3 на листата остана непроменет: Кина на третото место, како дом на најстарата цивилизација на светот со најголем број жители и се смета за четврта најголема земја по површина, а Русија, најголемата земја во светот по површина, е на второ место.

Врвот на листата најмоќни земји во светот повторно го држат САД. Во извештајот САД се опишани како „најдоминантната светска економска и воена сила“ со културно влијание врз целиот свет благодарение на филмската, телевизиската и музичката продукција.

Од десеттата до првата позиција, листата изгледа вака, а целосниот рејтинг може да го видите ТУКА.

10. Саудиска Арабија

9. Јужна Кореја

8. Израел

7. Јапонија

6. Франција

5. Обединето Кралство

4. Германија

3. Кина

2. Русија

1. САД

Коментирај