Кои се најпребаруваните поими на Google во 2022?

Wordle беше најпребаруваниот поим на Google во 2022 година, и во САД и во целиот свет, според прегледот на Google Trends Year in Search.

Играта ги победи термините како „ Election results/изборни резултати“ и „Jeffrey Dahmer/Џефри Дамер“ во САД (втор и десетти најпопуларен поим, соодветно) и „ Ukraine/Украина“ и „ Queen Elizabeth,Кралица Елизабета“ на глобално ниво (трет и четврти).

„Ова навистина стана заедничка опсесија за сите и тоа можете да го видите во податоците“, изјави Сајмон Роџерс, раководител на тимот за податоци за трендови во Google, за The Washington Post.

Wordle е дневна игра со вокабулар, слична на Jotto или Mastermind, во која на корисниците им се даваат шест претпоставки за да го погодат зборот на денот. Сите играчи го добиваат истиот збор (кој го одредува уредник во New York Times) и може да играат само еднаш дневно.

Играта стана вирален хит кон крајот на 2021 година, откако играчите почнаа да споделуваат криптични аранжмани со квадрати со емотикони заедно со парче текст (обично зборот Wordle, проследено со бројот на сложувалката) на социјалните мрежи, што ги поттикна другите да прашаат: „Што е Wordle? ” На 31 јануари, New York Times Company го купи Wordle од својот оригинален развивач, програмерот Џош Вардл, за неоткриена сума.

„Би рекол дека она што го зголеми трендот на Wordle е тоа што тоа беше нешто што постојано ги плени луѓето во текот на годината“, рече Роџерс. „Имаше моменти во текот на годината, како што се инвазијата на Украина и смртта на Нејзиното Височество Кралицата, кога тие поими се зачестија. Но, љубовта на луѓето кон играта остана константна, бидејќи за многу луѓе, играта беше нешто што ги расположува и охрабрува.

На глобално ниво, првите 10 пребарувања на Google беа:

Wordle

India vs England

Ukraine

Queen Elizabeth

Ind vs SA (a cricket match between India and South Africa)

World Cup

India vs West Indies

iPhone 14

Jeffrey Dahmer

Indian Premier League

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Интернет

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Read more

Закерберг му ја украде големата идеја на Маск

Read more

Како да добиете попрецизни резултати кога пребарувате со Google?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Поради бројни повреди Јапонија официјално го затвори некогаш најбрзиот ролеркостер во светот

Читај повеќе

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе