Институтот Legatum го објави најновото истражување за глобалниот Индекс за просперитет, во кое ги открива најбогатите, најздравите, најсреќните и најнапредните земји. Во обѕир се земени 104 варијабли поделени на неколку категории како економски квалитет, бизнис средина, образование, здравство, безбедност, лична слобода, социјален капитал и природна средина.
Истражувањето било спроведено во 149 земји, а интересно е што Норвешка повеќе на е на првото место на листата. За 2016 година Нов Зеланд е најпросперитетната земја, додека Македонија е на 53 место, за разлика од минатата година кога беше на 65 место на листата.
Вака изгледа годинешната листа на најнапредни земји:
1. Нов Зеланд
2. Норвешка
3. Финска
4. Швајцарија
5. Канада
6. Австралија
7. Холандија
8. Шведска
9. Данска
10. Обединето Кралство
11. Германија
12. Луксембург
13. Ирска
14. Исланд
15. Австрија
Најдолу на листата се наоѓаат земјите како Пакистан, Бурунди, Ангола, Мавританија, Ирак, Чад, Демократска Република Конго, Судан, Централноафриканска Република, Авганистан и Јемен.