Кои се најскапите работи кои може да си ги дозволат само ултрабогатите?

Кога ќе се спомне поимот ултрабогати, веднаш помислуваме на луѓе кои на својата банкарска сметка имаат милијарди, а не милиони.

Според списанието Forbes, во 2018 година имаше рекордни 2.208 милијардери во светот, од кои 259 беа нови на листата, главно од Кина и САД.

Просечната нето вредност на овие ултрабогаташи изнесуваше 4,1 милијарди долари во 2018 година, а сите заедно имаа 9,1 илјади милијарди долари. Да, тоа се многу, многу нули.

Токму овие луѓе се оние кои може да си дозволат навистина безобразно скапи нешта, а Business Insider направи листа на петте најскапи работи кои ги купуваат само ултрабогатите.

Суперјахти

Можеби ви се чини дека сите богаташи летуваат на јахти, но кога станува збор за оние мултимилионскии луксузни суперјахти, нив може да си ги дозволат само оние ултрабогатите. Причината е едноставна – покрај астрономската цена, со јахтата доаѓаат и високи трошоци за даноци и одржување.

Приватни авиони

Истото важи и за приватните авиони. Иако може да видите многу милионери како летаат со приватни авиони, во најголемиот број случаи ги изнајмуваат. Само најбогатите можат да си дозволат да купат приватен авион, да го одржуваат, да го гаражираат и плаќаат данок за него. 

Спортски клуб

Ултрабогатите ја имаат таа привилегија кога многу сакаат некој клуб и се страсни навивачи, да станат и сопственици на тој клуб, а не само да имаат годишни влезници. На пример, Стив Балмер во 2014 година го купи НБА гигантот Л.А. Клиперс за неверојатни 2 милијарди долари.

Постојан персонал

Милионерите може да си дозволат разни луксузи и удобности и да ангажираат луѓе да прават речиси сѐ за нив. Но, само ултрабогатите би можеле да си дозволат  да имаат постојан персонал во домот, односно луѓе кои работат како куќна послуга и живеат со нив на имотот. Тука се вбројуваат шеф на персонал, тим за менаџмент, батлер, помошник, кувар, дадилка, тутори, возачи и собарки. Само платите за овие вработени, без придонеси и додатоци, може да чинат и до 2,5 милиони долари годишно.

Бункери за во случај на апокалипса

Сигурно сте слушнале или прочитале за екцентрици кои постојано се „на готовс“ за Судниот ден и имаат направено бизарни подземни комплекси и бункери во кои би се засолнале во случај на апокалипса. Во поголемиот број случаи станува збор за импровизации, но кога екцентрикот има милијарди долари, тогаш бункерот е подобар и од претседателскиот. Најлуксузните бункери чинат и до 20 милиони долари, влучувајќи изградба и опремување. Постојаното обновување на ресурсите претставува нов трошок одново и одново.

реклама

Живот

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе