Кои се најстрасни и најмоќни парови во Зодијакот?

Целиот зодијак е фокусиран на еден од овие четири елементи - оган, земја, воздух или вода. Овие елементи се меѓу главните аспекти, кои ја одредуваат компатибилноста на припадниците на знаците со друга личност.

Ова се паровите хороскопски знаци кои се најстрасни и кои најдобро функционираат кога се заедно.

Овен-Вага

Овенот покажува силни лидерски карактеристики, кои се рефлектираат во неговиот секојдневен живот. Затоа во старт ги исклучуваат оние знаци кои вообичаено се доминантни над партнерот во врска, како што е Бикот.

Искреноста е еден од клучните елементи што Овенот го бара кај партнерот. Огнот на страста гори кај Овенот и во однос на сексот. Во овој случај, Лавот или Скорпијата можеби се добар избор, но Вагата е дефинитивно најдобар. Овенот го привлекува и искрената и лесна природа на Вагата. Од друга страна, потребата на Вагата за емоционална зависност ја надополнува потребата на Овен за контрола и му овозможува страсно да го истражува партнерот. Кога ќе се спојат, тие формираат навистина страстен и необичен пар.

Бик-Девица

Вкоренет во традицијата, Бикот верува дека водењето љубов е поважно од самата работа. Интимниот Бик има компатибилност што ѝ одговара на Девицата која (како него) ужива во домашниот живот. Љубовта на Девицата кон сензуалното се засилува во комбинација со Бикот и тие формираат моќен пар.

Меѓутоа, кога станува збор за Стрелецот кој сака авантури, Бикот дефинитивно треба да се држи настрана.

Близнаци-Стрелец

Веселите Близнаци, кои сакаат да се забавуваат, се пријателите кои секогаш би сакале да ги имаме покрај себе. Меѓутоа, кога се во прашање врските, Близнаците стануваат малку проблематични.

Општо земено, Близнаците се плашат од обврски, бидејќи тоа ги прави да се чувствуваат заробени. Она што Близнаците го бараат кај партнерот е духовитост и интелект. Хуморот што го има Стрелецот ги импресионира Близнаците и затоа овие два знака можат да бидат совршени партнери. Кога ќе се спојат, се чувствуваат безбедно и среќно!

Рационалниот Јарец е најлошата можна комбинација, кога се во прашање Близнаците.

Рак-Бик

Ракот е чиста емпатија. Тие секогаш бараат долготрајна врска во која ќе можат емотивно да се поврзат со партнерот. Психолошки наклонетиот и строг Бик би можел да биде идеален пар за чувствителниот Рак.

Партнерот како Лав, кој е отворен и кој одвреме-навреме ќе биде арогантен, наместо да го воодушеви, само ќе го повреди нежниот Рак.

Лав-Овен

Исполнет со гордост, на Лавот не му недостасуваат додворувачи, но нивната перфекционистичка природа и големото его не дозволуваат така лесно некој да им се доближи или да ги освои.

Овенот е најдобрата опција за Лавот поради страста што ја поседуваат и двата знака. Тие ја изразуваат својата наклонетост со некаква големина и елеганција со која никој друг не би можел да се носи. Како што нивната љубов е страсна, така и нивните кавги се жестоки. Сепак, тие најдобро ќе се разберат.

Скорпијата е најлошата комбинација за Лавот во хороскопот. Нивните интензитети не се совпаѓаат и имаат тенденција постојано да се исмеваат еден со друг.

Девица-Скорпија

Перфекционистичката Девица е главно воздржана, но внимателна со партнерот. Опасно страсната Скорпија добро се согласува со Девицата и тие споделуваат многу интензивна, емотивна врска. Дисциплинираната природа на Девицата помага да ја балансираат Скорпијата, а опуштената сексуалност на Скорпијата ѝ помага на Девицата да се ослободи и да излезе од својата школка.

Најлоша комбинација кога е во прашање Девицата е Стрелецот, бидејќи има премногу авантуристичка природа.

Тагови
реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Љубов и секс

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Read more

Постојано критикување - штетна навика која може да ја уништи врската

Read more

Дали секс двапати во една вечер ги зголемува шансите за забременување?

Read more

Секс на прв состанок: Дали е табу тема или се случува почесто отколку што мислите?

Read more
 

Магазин

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Читај повеќе

Едноставна промена на животниот стил може да го намали крвниот притисок

Читај повеќе

Зошто често се чувствувате уморни во текот на денот?

Читај повеќе

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Читај повеќе

Стјуардеса откри како ги „казнуваат“ патниците кои не сакаат да го отстапат седиштето на дете

Читај повеќе

Кое е најлошо време да се мерите на вага?

Читај повеќе
Четири типа на пријатели

Четири типа на пријатели кои сите ги имаме

Читај повеќе

Постојано критикување - штетна навика која може да ја уништи врската

Читај повеќе

10 најголеми митови за исхраната во кои треба да престанеме да веруваме

Читај повеќе