Кои сè настани се откажани во Европа и кај нас поради корона вирусот?

Стравот од ширењето на корона вирусот е причина за откажување на повеќе настани во Европа. Помеѓу нив се некои од најпознатите и најпрестижните настани кои со нетрпение се очекуваат во текот на целата година.

Карневалот во Венеција

Властите во Венеција одлучија да го откажат познатиот карневал и сите случувања во градот поради ширење на корона вирусот.

Иако се очекуваше присуство на повеќе илјади туристи, кои цела година го чекале карневалот, поради големиот број заболени и починати лица од новиот вирус, сите настани се откажани и тоа најмалку една недела.

Иста мерка е преземена и во Милано, каде во рамки на модната недела е откажана ревијата на Армани.

Одложени 4 натпревари во Серија А поради епидемијата со корона вирусот

Премиерот на Италија Џузепе Конте најави откажување на сите спортски настани во провинциите Ломбардија и Венето. Па така беа откажани натпреварите Верона - Каљари, Аталанта - Сасуоло, Интер - Сампдорија и Торино - Парма.

Моbile World Congress

Најголемиот саем за мобилна технологија во светот, (Mobile World Congress) кој требаше да се одржи во Барселона, исто така е откажан поради новиот Covid-19.

Извршниот директор на организацијата, Џон Хофман, соопшти дека ширењето на епидемијата го оневозможува одржувањето на настанот, што беше планиран од 24 до 27 февруари во Барселона.

Саем за автомобили во Женева

Денеска, Владата на Швајцарија го откажа Саемот за автомобили во Женева откако забрани собир на над 1.000 луѓе поради загриженоста од новиот корона вирус. Забраната ќе трае најмалку до 15 март.

Собирот е една од најголемите изложби на возила на светот и е меѓу најомилените, пред сè кај производителите кои ги претстават ​​своите брзи, најпрестижни и футуристички модели.

Во Македонија

Струмички карневал

Годинашното издание на меѓународниот Струмички карневал заврши синоќа со одржување на концертот под маски, а останатите содржини што требаше да се одржуваат до 4 март се откажани, потврди за МИА претседателот на Организациониот одбор, Александар Цицимов.

Иако сѐ уште нема официјална одлука на Владата за откажување на настани и собири заради појавата на корона вирусот во државата, организаторите донесоа одлука да не се одржи маскенбалот, интернационалната карневалска вечер и детскиот карневал, како и останатите содржини што беа планирани да се одржат во рамки на годинашните карневалски празнувања.

Одложен вечерашниот концерт на МОЗАИК фестивалот

Организаторот на МОЗАИК фестивалот заедно со артистите на настанот одлучи да го одложи вечерашниот концерт во А1 Арена, поради препорачаните насоки за ограничување на масовните јавни собири дадени од Центарот за управување со кризи.

Организаторите на својата фејсбук страница објавија дека ќе ги следат сите превентивни препораки, според кои ќе биде закажан и новиот соодветен датум на одржување на предвидениот концерт во Скопје. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Култура

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе