Кои се последиците од ПМ честичките по човековото здравје?

Акутната состојба со загадувањето на воздухот кое е причина за  смртност на околу 3.000 лица во државата, бара одговорно однесување на секој поединечно и ефикасни активности од сите, институциите, бизнис заедницата, граѓанските асоцијации.

Научниците сѐ повеќе обрнуваат внимание на поврзаноста меѓу загаденоста на воздухот и појавата на болести на дишните патишта.

ПМ 10 се многу ситни честички со големина до десет микрометри кои содржат канцерогени метали, прав и други опасни материи. ПМ 2,5 честичките се четири пати помали од првите и како такви можат да навлезат и во крвотокот.

ПМ честичките може да навлезат длабоко во белите дробови, да го иритираат и нагризат ѕидот на алвеолата и како последица на тоа да ја нарушат функцијата на белите дробови.

Големината на овие честички всушност и ги прави толку опасни по човековото здравје.

Изложеноста на ПМ честички може да има сериозни последици за белите дробови и срцето. Повеќе истражувања покажале дека изложеноста на загаден воздух што содржи ПМ честички може да предизвика разни здравствени проблеми, меѓу кои:

  • Предвремена смрт кај луѓе кои веќе имаат некакво заболување на белите дробови или срцеето
  • Нефатален срцев удар
  • Аритмија
  • Влошување на астмата
  • Влошување на симптомите поврзани со дишните патишта, како иритација на дишните патишта, кашлање и тешкотии при дишење
  • Намалување на функцијата на белите дробови.

„Информираноста за ефектите врз здравјето предизвикани од изложување на различните загадувачки супстанции постојано се зголемува како резултат на истражувачките студии и сè поголемиот интерес и свесноста за здравствениот аспект на загадувачките супстанции во воздухот. Дури и релативно ниските концентрации на загадувачки супстанции може да предизвикаат одредени здравствени ефекти кај ранливите категории на граѓани. Според тоа, подобрениот квалитет на воздухот може да ја намали изложеноста на загадувачките супстанции во воздухот, а со тоа и негативните здравствени ефекти предизвикани од загадувачките супстанции“, стои во објавата на „Квалитет на воздух во Република Северна Македонија“ на Министерство за животна средина и просторно планирање.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Здравје

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Read more

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Read more
 

Магазин

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Читај повеќе

Како да препознаете патолошки лажго?

Читај повеќе

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Читај повеќе

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Читај повеќе

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе