Кои се правилата за користење оружје на филмските сетови?

Страшниот инцидент што резултираше со смрт на директорката на фотографија Халина Хачинс на филмскиот сет на „Rust“ минатата недела, остави отворени прашања поврзани со употребата на огнено оружје во забавната индустрија.

Во овој случај одговорноста е на продукцијата и на стручниот соработник за оружје, но нема строги прописи.

Актерот Алек Болдвин изјави дека срцето му е скршено откако во четвртокот за време на снимањето на филмот со истрел од пиштол ја уби Халина Хачинс. Режисерот Џоел Соуза, кој стоел зад Хачинс, е полесно повреден.

Споменатата трагедија поттикна многумина да се запрашаат кој е одговорен за безбедноста на оружјето на филмските сетови?

Одговорноста за употребата на пиштоли и друго оружје е на управителот на имотот на секоја продукција или на експертот за оружје ангажиран како соработник на сетот.

Тие го обезбедуваат оружјето кога не се користи и ги поучуваат актерите за правилна и безбедна употреба на оружјето. Тие исто така го полнат огненото оружје и го проверуваат пред и по секоја сцена.

Не постои конечен сет на прописи за употреба на огнено оружје

Според новинската агенција AP, американската Федерална агенција за безбедност на работното место не ја регулира безбедноста на оружјето на снимање, а многу држави и оставаат на филмската индустрија сама да ги креира и да ги следи сопствените правила.

Професорот Ден Леонард од Универзитетот Чепмен во Калифорнија, кој е специјализиран за регулативи за снимање, изјави за BBC дека „во голема мера е оставено на индустријата да развива и следи насоки... и тие насоки, доколку се следат, можат да овозможат безбедно користење на огнено оружје при снимање“.

Можеби најблиску до листата на предложени правила е листата објавена од Комитетот за безбедност при работа во целата индустрија.

Наведените совети вклучуваат препораки за третирање на сите огнени оружја како да се наполнети, а потоа се вели: „Воздржете се од нишанење со огнено оружје кон себе или кон кој било друг. Никогаш не ставајте го прстот на чкрапалото освен ако не сте подготвени да пукате. Секој кој е вклучен во употребата за огнено оружје мора да биде детално информиран на состанокот за безбедност на сетот“.

Исто така, се посочува дека само квалификувано лице смее да наполни огнено оружје, а заштитни штитови, заштита за очи и слух треба да користат сите во непосредна близина или во сцената со пукање.

Но, Комитетот истакнува дека неговите насоки „не се обврзувачки закони или регулативи“ и, како што вели професорот Леонард, овој безбедносен документ се чини дека последен пат бил ревидиран во 2003 година.

Филмското студио Warner Bros објави свои правила за ракувањето сo оружје на сет, додека Здружението на актери има совети за ракување.

Ќе се воведат ли построги правила?

Инцидентите, како оној на снимањето на „Rust“, се неверојатно ретки, но сѐ повеќе поттикнуваат повици за забрана на вистинско огнено оружје на филмските сетови, а петицијата собра повеќе од 23.000 потписи до понеделникот. Актерката Оливија Вајлд беше меѓу оние кои дадоа поддршка.

Сенаторот од Калифорнија, Дејв Кортез, во саботата изјави дека ќе го поддржи нацрт-законот за забрана на муниција на филмските сетови во државата.

Професорот Леонард смета дека „потребна е построга примена на постоечките политики и поголема регулатива, особено за нискобуџетните вестерн филмови“.

Тој додава: „Ова ќе спаси животи. Никој не треба да умре снимајќи филм“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе