ФИФА ги објави правилата за Светското клупско првенство кое следното лето ќе се одржи во Соединетите Американски Држави.
Клубовите учесници ќе презентираат конечна листа од минимум 26 и максимум 35 играчи, од кои тројца мора да бидат голмани, за да учествуваат во натпреварувањето.
Привремениот список ќе може да содржи 50 играчи, од кои четворица мора да бидат голмани, додека конечниот список ќе има 35 играчи.
Согласно член 31 од овој правилник, за секој натпревар може да бидат повикани најмногу 26 играчи, 11 стартери и 15 замени, а клубовите можат да ги направат следните измени на конечниот список.
Тие можат да ги заменат играчите чии договори природно истекле за време на натпреварувањето и може да додадат најмногу двајца нови играчи во конечниот список што нема да се смета на списокот од максимум 35 играчи.
Повредените играчи ќе ја вратат акредитацијата во ФИФА и повеќе нема да се сметаат за дел од конечниот список, а ниту еден фудбалер нема да може да игра за две различни селекции на Светското првенство.
Екипите мора да пристигнат во САД три дена пред почетокот на турнирот, а доколку две или повеќе екипи од иста група имаат ист број на бодови, подобра е екипата со подобар сооднос меѓу нив.
Ниту еден клуб кој учествува во натпреварувањето не смее да поседува акции во кој било друг клуб или да биде вклучен на кој било начин во управувањето со друг клуб во натпреварувањето.
Светското клупско првенство ќе започне на 15 јуни и ќе трае до 13 јули 2025 година, а на него ќе учествуваат 32 екипи од шест конфедерации на ФИФА.