Кои се придобивките ако јадете по четири бадеми секој ден?

Бадемите се богати со протеини, витамини и влакна, се смета дека треба редовно да се јадат бидејќи го намалуваат ризикот од здравствени проблеми како канцер, срцеви заболувања, дебелина и дијабетес тип 2.

Иако имаат голема количина масти, го штитат срцето. Најдобро е сепак да ги јадете умерено, бидејќи содржат голем број калории. Само четири бадеми на ден можат да направат многу за вашето здравје. Даваат добра количина на витамин Е, манган и магнезиум. Во помали количини содржат бакар, калциум, рибофлавин, железо, цинк и фосфор.

Кои предности ќе ги почувствувате ако јадете по четири бадеми секој ден?

1. Поволно влијаат на холестеролот

Го намалуваат лошиот ЛДЛ холестерол, а го зголемуваат добриот ХДЛ холестерол. Тоа е важно бидејќи високиот холестерол претставува ризик за сите видови здравствени компликации како срцев удар, мозочен удар, болести на периферни артерии и слично.

Кога нездравиот чипс го замените со бадеми, лошиот холестерол може да го намалите за 10%.

2. Посилна и посјајна коса

Бадемите може да ви ги дадат скоро сите витамини и минерали потребни за подобрување на вашата коса. За да го поттикнат растот, бадемите содржат магнезиум и цинк. Витаминот Е има антиоксидативни својства кои го намалуваат оксидативниот стрес и ја прават косата посилна. Витаминот Б придонесува за природен сјај.

3. Помал ризик од срцеви тегоби

Влакната, витаминот Е, омега-3 масните киселини и билните стероли помагаат во здравјето на срцето. Бадемите се одличен извор на л-аргинин, за кој се покажа дека ги прави флексибилни ѕидовите на артериите и на тој начин има помали веројатности дека ќе се развијат крвни згрутчувања кои може да го блокираат протокот на крвта и да предизвикаат застој на срцето.

4. Ги намалуваат брчките

Бадемите може да помогнат во спречување на прерано стареење затоа што содржат манган и витамин Е. Манганот е протеин кој помага во создавање на колаген, а витаминот Е во состојба е да ја заштити кожата од оштетувања така што го апсорбира УВ зрачењето од сонцето.

5. Подобра мозочна функција

Студиите покажуваат дека внесот на големи количини витамин Е во исхраната може да помогнат во спречување на пропаѓање на когнитивниот дел во мозокот поврзан за стареење, како и за зачувување на паметењето.

Магнезиумот во бадемите ги подобрува нервите во мозокот, додека протеинот помага во обновување на клетките на мозокот со што се подобруваат когнитивните функции.

Тагови
реклама

Том Хенкс со години се бори со тешка болест која ја добил поради улога

Read more

Зошто Германија и Јапонија сериозно се вооружуваат?

Read more

Брук Шилдс: Агаси збесна кога глумев со Џои во Friends

Read more

САД одби да објави снимки од соборените НЛО-а: Тоа е строго доверливо

Read more

Здравје

Која е врската помеѓу витаминот Д и опаѓањето на косата?

Read more

Потврдено: Хормоналната контрацепција го зголемува ризикот од рак на дојка

Read more

Кои се последиците од долготрајниот стрес врз телото?

Read more

5 рани предупредувачки знаци за смртоносен инфаркт

Read more
 

Магазин

Месечен хороскоп за април: Три знака ќе имаат животен пресврт

Читај повеќе
  • filter

Хајди Клум – божица на црвениот килим

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате ако сакате рамен стомак?

Читај повеќе

Дали треба да позајмувајте пари на роднини и пријатели?

Читај повеќе

Зошто одлучив да немам деца?

Читај повеќе

Која е врската помеѓу витаминот Д и опаѓањето на косата?

Читај повеќе

Спанковците се поинтелигентни и посреќни од ранобудниците

Читај повеќе

Здравите деца мора да внесуваат глутен во исхраната

Читај повеќе

Потврдено: Хормоналната контрацепција го зголемува ризикот од рак на дојка

Читај повеќе