Кои се придобивките од постот?

Хипократ, таткото на медицината, сметал дека болестите предизвикани од прекумерна тежина може да се излечат со постење. Еден од првите третмани за лекување на дијабетес, на почетокот на 20 век, на пример, се состоел од буквално гладување на пациентите во период од неколку дена.

Денес, луѓето постат од духовни причини, но и честопати се мотивирани да изгубат вишок на килограми и да ја подобрат својата здравствена состојба. Губењето на тежината преку гладување е обично незначително и претежно се состои од губење на течности кои брзо се надокнадуваат кога ќе се вратите на редовната исхрана. Меѓутоа, изборот на она што го јадете и пиете во голема мера зависи од вас, како и правилата на која било верска вежба која можеби ја следите.

Зошто постите се корисни?

Без разлика дали ги применувате поради верски побуди или пак еднставно сакате да направите чистење на организмот после зимскиот период кога исхраната е исполнета со калорична и масна храна, бенефитите се секогаш добредојдени и речиси неопходни за да се ослободи вашето тело од внатрешното таложење на токсините од недоволно сварената храна. Отровите од масното ткиво се прочистуваат преку бубрезите и потоа се исфрлаат од организмот. Со постот ќе му дадете на вашето тело мал одмор од заситени масти. Тој исто така претставува одлична терапија за лечење на болести поврзани со нездрав начин на исхрана, како што е дебелината, дијабетисот, акните, алергиите...Па така доколку на ваков начин постот ги чисти внатрешни органи тогаш можете само да си замислите што му се случува на вашиот организам однадвор. Растеретен од вишокот на токсини циркулацијата се забрзува, па така, не се изненадувајте доколку вашиот тен добие сјај и руменило.

Кога внесувате помало количество на храна со помала енергетска вредност немојте да се залажувате дека ќе немате сила да ги завршите дневните обврски. Напротив постот ја засилува вашата кондиција. Доколку на телото му дадете малку шанса да се одмори од тромавоста предизвикана од тешката храна, тоа ќе почне да ја ослободува внатрешната сила која ја црпи од наталожените резерви. Токму оваа енергија е далеку поефикасна од онаа која ја добивате директно од храната.

Не тргнувајте со предубедувања дека менито е сиромашно и дека ќе се ограничите на неколку продукти кои брзо ќе ви здосадат. Всушност ќе се изненадите на пазарот колку многу производи можат да бидат ваш успешен сојузник додека го испостувате организмот. Понекогаш за некои од нив не сме ни свесни дека се всушност посна замена за оброците кои се многу калорични и масни.

Нашиот производител за здрава исхрана „Виталиа“ ви нуди голем избор посни производи како што се житните снегулки, соини паштети, галети, разни семиња, соини шницли, сушено овошје, мусли, гранола барови, природни супи и уште многу други додатоци, кои ќе ви помогнат да го испланирате дневното мени во текот на овие денови. Па така со квалитетно реорганизирање на навиките можете заедно со Виталиа да му се препуштите безгрижно на постот и да го прочистите организмот од токсините кои се наталожиле во зимскиот период.

 

*Промотивен текст

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе