Кои се симптомите дека ви недостига витамин Д?

Се проценува дека повеќе од една милијарда луѓе во светот патат од недостиг на витамин Д. Ова се симптомите што ќе ви помогнат навреме да интервенирате.

Здраво се храните, се трудите да внесувате разновидна храна, спиете доволно, вежбате редовно и не излегувате на сонце без заштитен фактор за кожата.

Значи дека правите сѐ што треба за да водите здрав живот и да се заштитите од болести, но можно е да ви се провлекува една работа што може да ве изложи на дополнителен ризик од покачен крвен притисок и дијабетес: недостиг на витамин Д.

Зголемено потење

Ако одеднаш почнете да се потите повеќе од вообичаено, без некоја посебна причина за тоа, како зголемена физичка активност, а температурата на телото стандардно ви е 37 степени Целзиусови, треба да го проверите нивото на витамин Д во организмот.

Исцрпеност и слабост

При недостиг на витамин Д во организмот ќе почувствувате слабост и исцрпеност, дури и кога сте доволно одморени и наспани, без разлика дали вежбате редовно или не. Истражувањата покажуваат дека внесувањето суплементи со витамин Д помага во контролирањето на подвижноста на мускулитре, а кај лицата постари од 60 години го намалува ризикот од паѓање и повреди за 20 отсто.

Хронична болка

Понекогаш ја занемаруваме болката што не е интензивна, иако свесно ни предизвикува непријатност или неудобност, како постојана болка во мускулите, зглобовите, коските. Тоа е знак дека ви недостига витамин Д во организмот. Ако болката не престане по неколку недели веднаш направете анализа на крвта.

Лошо расположение

Хроничниот недостиг на витамин Д може да предизвика депресија. Не е точно утврдено кој механизам го предизвикува тоа, но можно е витаминот Д да влијае на хормоните како серотонин кој влијае на расположението.

Храна богата со витамин Д: говедски и телешки црн дроб, жолчка од јајце, туна, сардина, шитаке печурки, млеко, јогурт, бадемово млеко, сок од портокал, тврди сирења, мешункаст зеленчук.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе