Кои се знаците дека љубовта во вашата врска завршила?

Дали знаете да препознаете кога е време да ставите крај на љубовната врска? Овие неколку совети можат да ви помогнат во тоа.

Форензичкиот и клиничкиот психолог д-р Џастин Д’Ариенцо сподели пет знаци дека љубовта завршила и дека е време да раскинете. Ако сте во врска подолго време, понекогаш е тешко да се види кога е вистинското време за заминување, особено ако сте вложиле многу труд, време и емоции во таа врска. Сепак, останувањето во врска без љубов е најлошата опција - долгорочно може да ви направи многу повеќе штета отколку добро.

Па, како да знаете дали само поминувате низ тежок период - или навистина е готово? Психологот Д’Ариенцо укажува на пет знаци кои можат да укажат дека вашата врска е завршена. Значи, ако се најдете во една од следните изјави, можеби е време да раскинете.

Веќе не ве интересира физичката и емоционалната интимност - Емоционалната интимност е основа на секоја врска. Значи, ако повеќе не чувствувате дека сакате да споделувате тага, радост или страв со вашиот партнер - тоа е гласен аларм за крај.

Повеќе би сакале да бидете сами отколку со партнерот - Замислете дека имате слободен ден, немате планови или обврски. Како би сакале да го користите? Дали би отишле некаде со партнерот, вечерта би ја поминале опуштени пред телевизор или на забава или попрво би одлучиле да го исклучите од тие планови? Доколку повеќе не сакате да го споделувате слободното време со него, тоа е и знак на тревога.

Секој разговор го завршувате со расправија - Ако секоја интеракција, без разлика колку е безопасна, води до расправија, тоа не е добар знак. Д-р Д’Ариенцо вели дека треба да бидете свесни дека кавгите се нормални во односите, но не секогаш кога разговарате.

Осудувате сè што прави вашиот партнер - Дали ве нервираат и најмалите работи што ги прави вашиот партнер? Можеби сега ве мачи нешто што претходно не сте го забележувале, можеби сега го обвинувате за некои работи што претходно воопшто не ве мачеле? Оваа реакција може да биде знак дека е време за разделба.

Повеќе не се грижите за партнерот - Ако забележите дека сте изгубиле интерес за партнерот, не ве интересира што прави, како функционира во текот на денот, со блиски луѓе или пријатели, веројатно не сте толку заинтересирани како некогаш. Тоа е знак дека вашата врска е завршена.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Љубов и секс

Зошто мажите глумат оргазам?

Read more

Баталете ја 69, секс позата што треба да ја пробате е 77

Read more

Зошто треба да размислите за вклучување секс играчки во вашиот сексуален живот?

Read more

Пет хороскопски знаци кои ги очекува запросување до крајот на годината

Read more
 

Магазин

  • filter

Ратајковски се потстрижи, фановите разочарани: Фризура за баби

Читај повеќе
  • play_arrow

Што треба да правите на секој тренинг за подобри резултати?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како звучеле јазиците на Викинзите, Ацтеките, Египќаните, Римјаните...?

Читај повеќе

Бонтон vs обичаи: Дали на гости треба да се соблекуваат чевлите?

Читај повеќе

Што да јадете за здрав црн дроб?

Читај повеќе

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Читај повеќе

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Читај повеќе

Кои хороскопски знаци ги очекува невидена среќа и пари во април?

Читај повеќе

Како да направите домашна пица како вистински мајстор?

Читај повеќе