Фит

Кои вежби се најефикасни за слабеење?

20. март 2017 - 11:33 | А.С.

Пролетта се буди, а со тоа и желбата за физичка активност и поминување повеќе време на отворено. Исто така, се потсетуваме дека потоа доаѓа летото, а со него и деновите поминати на плажа.

Ако не сте вежбале редовно во текот на зимата, сега е вистинско време да се посветите на вашето тело и да го симнете вишокот килограми.

Кои вежби најмногу помагаат за слабеење?

Фитнес експертите препорачуваат кардио вежби со низок интензитет во зоната за топење масти и ангажирање на голема мускулна маса, односно мускулни групи во тренингот.

Се препорачува кружен тренинг, односно правење вежби за сила со поголем број повторувања, од 15 до 20.

Кардио или аеробен тренинг претставува вежби од циклични вежби како одење, возење велосипед, пливање, трчање, нордиско скијање, елпитик или тренажер, возење ролери, кардио бокс тренинг, аериобик.

Најбитно е тренингот да биде со низок интензитет во зоната за топење масти што изнесува од 50 до 60 отсто од максималниот срцев пулс.

Тоа се пресметува на следниот начин: за мажите 220 минус бројот на години, по 0,50 или 0,60; за жени 226 минус бројот на години, по 0,50 или 0,60.

Не е препорачливо да се преминува во средната или високата зона на интензитет (повеќе од 50, 60% од максималниот срцев пулс), зошто телото ќе почне да троши јаглени хидрати, а не масти.

Коментирај