Кои витамини и додатоци во исхраната треба да ги користите секој ден?

Суплементите не реагираат исто на луѓето и не им се потребни на сите во иста мерка, а помеѓу нутриционистите често се води расправа, во врска со тоа дали нашата порција со храна е доволна за да ги задоволи сите потреби на организмот, посебно кога станува збор за држење на различни диети. Меѓутоа, постојат минерали и витамини кои му се потребни на секого.

Светските диететичари, одговараат на прашањето кои се најважните додатоци во исхраната и на кому му се препорачуваат, пишува Independent.

Витамин Д

Ова е еден од најнеопходните витамини. Се внесува преку природен пат, односно преку сончевата светлина и тешко се апсорбира преку храна, велат експертите.

„Овој витамин им се препорачува на сите возрасни луѓе, бремени жени, како и на децата постари од една година. Станува збор за дневна доза од 10 милиграми, посебно во текот на есента и зимата, поради превенција, за да не дојде до недостаток на витамин Д“, објаснува диететичарот Хелен Бонд.

Железо

„Железото е многу значајно за младите жени за време на циклус, како и за веганите и вегетаријанците“, вели Бонд, поткрепувајќи ги овие тврдења, со фактот дека 27 отсто од жените имаат недостаток на железо.

Тој недостаток најмногу е изразен кај девојчињата, кои се на возраст помеѓу 11 и 18 години. Недостатокот на железо може да предизвика, анемија, хроничен замор, проблеми со дишењето и бледа кожа.

Витамин Б12

Ова е клучен додаток за веганите, бидејќи најчесто се наоѓа во животинските производи и црвеното месо.

„Витаминот Б12 е важен за здрав нервен и имун систем, а потребен е и за создавање на црвените крвни зрнца“, вели Бонд.

Калциум

Калциумот е богат со природни извори, како што се млечните производи и зеленчукот.

„Консумирањето на дополнителни таблети, може да биде препорачливо за оние кои имаат проблеми со густината на коските, бидејќи калциумот е клучен за одржување на здрави коски“, советува диететичарот Прија Тев.

Ниското ниво на калциум во крвта, уште е познато како хипокалцемија, а може да се манифестира со симптоми, како што се болки во мускулите, грчеви во телото, а во екстремни случаи и епилепсија.

Фолна киселина

Ова посебно важи за бремените жени, вели нутриционистот Ријанон Ламберт.

„Сите жени кои планираат бебе, треба да земаат додаток од фолна киселина. Ова се однесува за сите бремени жени до 12 недела од бременоста“, советува Ламберт.

Витамини А и Ц

Се препорачува нивно внесување преку најразновидна храна, како што се на пример морковите, кивите, пиперките и така натаму. За децата, кои допрва почнуваат да консумираат разновидна храна, се препорачува да внесуваат капки со овие витамини, кои се земаат еднаш дневно.

Капките дејствуваат превентивно, на недостатокот на овие витамини во организмот на детето, па овозможуваат негов правилен развој.

реклама

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе