Мажите кои немаат редовни сексуални односи, а се постари од 40 години, се изложени на поголем ризик од еректилна дисфункција.
Еректилната дисфункција претставува трајна или повремена неспособност да се постигне и одржи ерекција адекватна за овозможување на сексуални активности. Станува збор за нарушување кое влијае во различни животни сфери на мажите.
Кај помладите мажи еректилната дисфункција е редок проблем. Покрај ризикот од еректилна дисфункција мажите кои немаат редовен секс се изложени и на ризик од рак на простата. Истражувањата покажаа дека почестата ејакулација (од 4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.
Редовниот сексуален живот го одржува машкото здравје. Истражувања покажаа дека луѓето кои редовно имаа секс имаат и понизок крвен притисок. Сексот го чува и здравјето на срцето и крвните садови.
Истражувањата потврдија дека два до три пати неделно ако имате секс намален е ризикот од инфаркт за дури 50 проценти, а истото се однесува и за мозочниот удар.
Сексот го намалува стресот и е природен лек за несоница. Исто така помага во одржувањето на телесната тежина, па дури и во слабеењето.