РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД НОВИОТ КОРОНА ВИРУС

Кои земји се најмногу и најмалку подготвени да се справат со епидемија?

Центарот за контрола и превенција на болести соопшти дека е пријавен уште еден случај на заболен од новиот корона вирус во САД, со што вкупниот број на заболени во земјата се искачи на пет.

Досега од корона вирусот починаа 107 лица, а заразени се речиси 4.600 луѓе. Корона вирусот се појави во Вухан, од каде се прошири низ Кина и во светот. Градот со 11 милиони жители моментно се наоѓа под целосен карантин. 

Иако кинеските здравствени служби рекоа дека вирусот се шири при контакт човек на човек, американските служби препорачуваат највисоки мерки за заштита од зараза.

Со оглед на тоа дека ситуацијата со ширењето на корона вирусот се менува брзо и самата СЗО вчера излезе со различни ставови во врска со степенот на заканата на меѓународно ниво, се поставува прашањето: Кои земји се најмногу и најмалку подготвени да се справат со епидемија?

Лани во октомври беше објавен Global Health Security Index кој содржи проценка на здравствената безбедност во 195 земји.

Особено биле анализирани нивоата на подготвеност со фокус на тоа дали земјата има соодветни алатки за справување со сериозна епидемија на болест.

Земјите беа рангирани на скала од 0 до 100, при што 100 е највисоко ниво на подготвеност.

САД се сметаат за земја со најголема подготвеност и најсилни мерки на располагање, со 83,5 од можни 100 бода.

Обединетото Кралство на Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска е на второ место со 77,9 и по неа е Холандија со 75,6.

Кина во 2019 година се рангирала на 51. место со 48,2 бода.

Според мапата, Република Северна Македонија спаѓа во земјите кои се „подготвени“ да се справат со епидемија.

Африканските земји се особено ранливи по ова прашање. Најмалку подготвени се Сомалија и Екваторска Гвинеја со 16,6 односно 16,2 бода на скалата на Global Health Security Index.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Свет

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more

Сè за Германија? Мало морген!

Read more

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Read more
 

Вести

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Читај повеќе

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Читај повеќе

Сè за Германија? Мало морген!

Читај повеќе

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Читај повеќе

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Читај повеќе

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Читај повеќе

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе