Кои знамиња се забранети на Олимпијадата во Париз?

Олимписките  игри изобилуваат со знамиња во најразлични бои, но има и знамиња што се забранети.

Знамињата на учесничките на церемонијата на отворањето

Сеприсутно и на фудбалските натпревари и на фестивалите, дури и во најоддалечените краеви на планетата, бретонското знаме отсуствува од Олимписките игри во Париз. Носењето т.н. Gwenn ha Du (гвена-ди - бело-црно) знаме в рака за да се покаже гордост или поддршка на локален спортист е забрането на стадионите каде што се одржува олимписки настан. Правило кое важи за сите регионални знамиња. Прописите на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) предвидуваат дека само нациите учеснички се овластени да ги истакнуваат своите знамиња на стадионите или арените на Игрите.

Знамето ан Бретања

Забрането е и знамето во боите на Ватикан, кој не учествува во најмасовното спортско натпреварување. Баскиското и корзиканското знаме ја имаат истата судбина, бидејќи претставуваат региони без олимписки комитет. Во 2012 година, случајот со таткото на Ежени Ле Сомер предизвика контроверзии и ја скандализираше Бретања за време на Олимписките игри во Глазгов (Игрите беа во Лондон, но имаше натпревари и во други градови нив Британија). За да ја поддржи својата ќерка која играше фудбал, Тјери Ле Сомер накратко го извади своето бретонско знаме, пред полицијата да го конфискува и за малку да го избрка од стадионот.

Знамето  на Корзика

Сепак, постојат исклучоци. Веењето на знамињато на Англија или Шкотска најчесто е прифатено за спортист од Обединетото Кралство. Но, понекогаш земјата домаќин на Игрите е построга. За време на Игрите во Пекинг во 2008 година, знамињата на Шкотска или Велс беа забранети. Тоа е начин да се спречи присуството на знамиња што носат политичка порака, како што е барањето за независност на пример.

Така, освен знамињата на Бретања, Баскија, Корзика и Ватикан, забранети се и знамињата на Каталонија, Абхазија, Јужна Осетија, Галиција, Транснистрија и сите сепаратистички региони што бараат независност, но дури и оние што немаат такви амбиции, а сѐ поради правилото на ИОК дека може да се истакнувата само знамиња на земји што учествуваат на Игрите.

На пример, знамето на Палестина е дозволено бидејќи Палестина има свои спопртисти во Париз, иако земјата официјално не е призната како држава.

Поради суспензијата на Русија, а поради војната во Украина, забрането е и руското знаме. Руските спортисти настапувата на Игрите, но под неутрално знаме, односно она олимпиското.

реклама

Зошто Германците не „летаат“ на автопат дури и таму каде што нема ограничување на брзината?

Read more

Во кое време од денот е најлошо да си дремнете?

Read more

Црна Месечина во Јарец од 15 септември: Какво искушение му носи на вашиот хороскопски знак?

Read more

Почна крајот на Обединетото Кралство: Шкотска, Велс и Северна Ирска потпишаа меморандум што води кон распад

Read more

Вести

Дали вонземјаните ни имаат оставено траги во прашината на Месечината?

Read more

Американските дата центри користат повеќе вода од сите градови во Калифорнија

Read more

Европејците во фиоките чуваат богатство вредно 65 милијарди евра: 700 милиони стари уреди кријат вредни суровини

Read more

Трамп призна дека користи AI, ама не кажува за кои цели

Read more

Гик

Дали вонземјаните ни имаат оставено траги во прашината на Месечината?

Читај повеќе

Американските дата центри користат повеќе вода од сите градови во Калифорнија

Читај повеќе

Европејците во фиоките чуваат богатство вредно 65 милијарди евра: 700 милиони стари уреди кријат вредни суровини

Читај повеќе

Деформација на тачпедот е знак за опасен дефект на лаптопот

Читај повеќе
  • play_arrow

Трамп призна дека користи AI, ама не кажува за кои цели

Читај повеќе

James Webb и Hubble открија 27 нови објекти што кружат околу Сонцето далеку зад Нептун

Читај повеќе

Менувам бубрег за iPhone 

Читај повеќе

Аутизмот поврзан со рана изложеност на вообичаен додаток во пластиката

Читај повеќе

AI реши клучен проблем на Apple во новиот iPhone на преклоп

Читај повеќе