Кој беше Нелсон Мандела, најпознатиот политички затвореник на светот?

Нелсон Мандела, икона на борбата против апартхејдот и лидер на јужноамериканското мировно движење, всушност е најславниот политички затвореник на светот. Мандела, кој, во затвор помина речиси три децении и потоа, како првиот претседател на Јужноафриканската Република со темна боја на кожата, им прости на поранешните противници и им понуди соработка, роден е пред 100 години, на 18 јули, 1918 година.

Лидерот на борбата против расизмот, Нелсон Мандела, поради своите активности помина 27 години зад решетките, од 1963 до 1990 година и прерасна во симбол за борбата против угентувањето на јужноафриканскиот народ и црната раса воопшто.

Пред да биде ослободен, Мандела сакаше да ги разбере своите противници, па го научи нивниот јазик и нивната поезија, но научи и дека треба да им прости и да соработува со нив. Поради тоа во 1994 година прими Нобелова награда за мир, која ја сподели со седмиот и последен претседател на Јужноафриканската република од периодот на апартхејдот, Фредерико Де Клерк.

Светска икона на мирот

Архиепископот Дезмонд Туту, уште една истакната личност во борба против апартхејдот и исто така нобеловец, го нарече Мандела „Светска икона на мирот“.

После долгите години поминати во затвор, Мандела како главен политичар во земјата постапуваше без одмазда, избегнуваше граѓанска војна и без поголеми конфликти ја воведе својата земја во транзиција, односно изгради релативно стабилна демократија.

Тамошното население го обожаваше, а Мандела поради тоа што постапуваше без ниту малку горчина, поради своите затворски трауми, успеа да ја добие и љубовта од белото население. Целата нација од љубов го нарекуваше „Мадиба“, по името на неговиот клан.

Кога се повлече, стана еден вид на митолошки херој.

Судење за предавство

Кога во 1948 година на власт дојде Националната партија, таа започна да спроведува политика на апартхејд, присилна сегрегација врз основа на расната определба.

Мандела во 1952 година стана потпретседател на движењето ANC, кампања против оваа политика. Движењето во кое учествуваше Мандела стануваше се повеќе радикално, па првото судење за предавство се случи во 1956 година.

Судењето против Мандела траеше пет години и заврши со ослободителна пресуда.

Осуден на доживотен затвор поради насилно рушење на владата

Во март 1963 година тамошната полиција уби 69 лица од црната раса, поради тоа што бунтуваа против апартхејдот. Владата прогласи вонредна состојба и го забрани ANC, на што ова движење за прв пат реагираше бурно, па Мандела помогна да се воспостави воено крило на ANC, на кое тој беше главен командант.

По враќањето од африканската турнеја, на која собираше поддршка за својата борба, Мандела е уапсен и осуден на пет години затвор. Со другите лидери на ANC, во 1963 година е осуден за планирање на насилно рушење на владата, а една година подоцна добива доживотна затворска казна.

Нобелова награда за мир

Во годините кои ги помина во затвор, Мандела стана меѓународен симбол за отпор против апартхејдот. Под притисок од странство и татковината, јужноафриканската влада го ослободи Мандела во 1990 година. На тој начин и движењето ANC продолжи со работа. Во 1991 година Мандела стана лидер на движењето, а наскоро и угледен светски државник.

Нобеловата награда за мир ја прими во 1993 година, заедно со Фредерик де Клерк, кој тогаш се уште беше претседател на Јужна Африка, која следната година одржа избори на кои победи Мандела.

Повлекување

Мандела од позицијата лидер на ANC се повлече во 1997 година, а во 1999 година му истече и мандатот како претседател на државата. Од јавниот живот се повлече во 2004 година, но продолжи со хуманитарната работа и се до последниот ден, беше личност која уживаше огромни симпатии и почит кај своите сонародници. Тој умре на 5 декември во 2013 година.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Живот

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе