Кој е Американецот што го убија изолирани домородци – мисионер или авантурист?

Припадници на изолирано племе на Андаманските Острови во Индија убија Американец кого рибари нелегално го однеле до островот каде што живеат. Човекот е идентификуван како 27-годишниот Џон Ален Чау од Алабама.

Нелегално е да се стапува во каков било контакт со изолираните и загрозени андамански племиња бидејќи се ризикува да се заразат нивните припадници со болести од модерниот свет.

Се проценува дека на островот живеат околу 50 до 150 припадници на племето Сентинелези кои се отсечени од цивилизацијата по нивна волја.

Седум рибари се уапсени бидејќи нелегално го однеле Американцот на островот со чамец, рече полицијата.

Рибарите кои го однеле Чау на островот рекле дека откако бил погоден со стрели, Американецот продложил да оди по плажата. Потоа домородците му врзале јаже околу вратот и го влечеле, но се исплашиле и побегнале, оставајќи го неговото тело на плажата.

Кој е Џон Ален Чау?

Локалните медиуми објавија дека Чау најверојатно сакал да се сретне со припадници на племето и да им проповеда христијанство. На социјалните мрежи, младиот човек се претставувал како ентузијаст за патување и авантури.

„Сакам да истражувам“, изјавил Чау за Outbound Collective пред четири години, пренесува BBC. „Без разлика дали се работи за авантура низ густа прашума или наоѓање водопади во џунгла или само скитање низ град за да се чувствувам подобро, во секој случај, во суштина сум истражувач“, рекол тој.

Според досега достапните информации од полицијата и новинарот Субир Баумик чија специјалност е овој остров, Чау го имал посетено островот четири-пет пати претходно.

Шефот на локалната полиција Депендра Патак за индискиот вебсајт News Minute изјави дека Чау живеел во Алабама, САД и дека бил „некаков лекар“.

„Луѓето мислеа дека е мисионер бидејќи зборуваше за Господ, а кажуваше дека е верник и на социјалните мрежи. Но, не беше мисионер. Беше авантурист. Неговата намера беше да ги запознае домородците“, изјави негов близок пријател.

Во интервјуто што го дал за Outbound Collective во 2014 година, рекол дека работи како фудбалски тренер во Ванкувер и дека уште од мал бил фасциниран од необични патувања.

„Со брат ми си ги боевме лицата со сок од диви боровинки и во дворот си игравме со лакови и копја што ги правевме од стапчиња. Оттогаш, мојот дом е на отворено, во дивината“, изјавил тој.

Тој исто така рекол дека инспирација му се мисионерот Дејвид Ливингстон и Исус. Во тоа интервју тој вели дека најголема желба му е да се врати на островот.

„Таму има многу што да се види и да се направи“, сметал тој.

Доближувањето на племињата е опасно и противзаконско

Локалните служби нагласуваат дека племето живее на овој остров изолирано веќе 55.000 години и дека нема развиено отпорност на болестите на развиениот свет, како грип или сипаници.

Во 2017 година индиската влада го прогласи за нелегално и фотографирањето и снимањето на домородните племиња на Андаманските Острови и законот предвидува казна затвор до три години за кршење на овие правила.

Survival International вели дека Чау можел да им пренесе болести на домородците што би можеле да ги убијат.

Локалната полиција рече дека Чау дошол со рибарите на островот во текот на ноќта и дека им носел подароци на домородците како фудбалска топка, рибарски мрежи и ножици.

Телото на Чау уште не е земено од островот. Ова е тежок случај за полицијата која не смее да се доближи до островот, а не смее ни да ги уапси домородците.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе