Кој е аутсајдерот кој ќе се обиде да го прекине режимот на Орбан?

Ова е главниот кандидат за рушење на владеењето на Орбан: католик, татко на седум деца, економист...

Петер Марки-Зај, првиот човек во малиот град Ходмезовасархели, политичар без партиско потекло, победи на неделните опозициски избори за заеднички кандидат кој ќе му се спротистави на премиерот Виктор Орбан на парламентарните избори во 2022 година.

Во вториот круг, Марки-Зај освои повеќе гласови од левичарската кандидатка Клара Добрев, која го призна поразот и му вети дека ќе го поддржи како кандидат на шест опозициски партии што ќе му се спротивстават на Орбан, обидувајќи се да го симне од власт по повеќе од една деценија.

„Му посакувам многу сила... во обид да го собори Виктор Орбан и да го собори неговиот режим“, рече Добрев на прес-конференција.

Опозициска коалиција од социјалистите до крајната десница

На парламентарните избори следната година, Орбан, за првпат од доаѓањето на власт во 2010 година, ќе се соочи со обединет фронт на опозициските партии составени од социјалисти, либерали и поранешната екстремна десница, сега десниот центар Јобик.

Со имиџот на семеен човек и католик, Марки-Зај се покажа како соодветен кандидат и за левицата, и за конзервативните гласачи.

Со преброени 60 проценти од гласовите на последните избори во неделата, Марки-Зај има јасно недостижно водство со 230.112 гласови, додека Добрев, политичарка од Демократската коалиција, правник и дипломиран економист, доби 167.060.

„Само заедно можеме да победиме“, им рече тој на собраните поддржувачи и извика: „Никој не може да го наруши единството на опозицијата“.

За 49-годишниот татко на седум деца со диплома по економија и маркетинг првпат се слушна во политичките кругови кога победи на изборите за градоначалник во 2018 година во неговиот роден град, упориште на владејачката партија Фидес.

Коалиција на „чистите“

Анкетите покажуваат дека владејачката партија Фидес на Орбан и опозициската коалиција водат мртва трка.

Марки-Зај ја водеше кампањата како лидер на Коалицијата на „чистите“, ветувајќи дека ќе ја искорени корупцијата и ќе стави крај на 30-годишната длабока поделба во политиката и општеството.

Двајцата кандидати сакаат да ја сменат она што тие го нарекуваат „нелиберална држава“ на Орбан, која ги вклучува нејзините идеолошки основи, како и унгарскиот став и голем број важни закони, за кои критичарите велат дека му помогнале на Орбан да ја консолидира својата моќ.

И додека Орбан води разни битки со Европската Унија, и Марки-Зај и Клара Добрев сакаат да ги подобрат односите со Брисел, и двајцата се залагаат Унгарија да го воведе еврото во догледна иднина.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе