Кој е Бенкси: Петмина осомничени за најголемата мистерија во уметничкиот свет

Самоуништувањето на сликата „Девојче со балон“ беше уште еден во низата потези кои го свртеа вниманието на светот кон мистериозниот уметник Бенкси. Неговиот идентитет и понатаму останува непознат, но шпекулациите постојано зборуваат истите пет имиња, што веројатно значи дека сме блиску до одговор на мистеријата.

Кога аукционерот на Sotheby’s удри со чеканот по масата за да сигнализира крај на аукцијата, сликата „Девојче со балон“ почна да се самоуништува пред сите присутни. Помеѓу присутните не беше уметникот кој стои зад делото. Или можеби беше, но никој не го препозна бидејќи не му го знаеја идентитетот.

Кој е Бенкси? Ова е прашањето што го поставува уметничкиот свет веќе една деценија. Сите докази, траги и шпекулации водат кон неколку имиња што постојано се наоѓаат во окото на јавноста.

Роберт Дел Наја

Веќе подолго време главен осомничен е Роберт Дел Наја, попознат како 3D, или уште попознат како основач на трип-хоп бендот „Масив Атак“. Уметноста на Бенкси за првпат се појави на улиците на Бристол, од каде што потекнува Дел Наја, а неговите почетоци како графити артист дополнително го поврзуваат со приказната.

Неговата уметност за албумите на „Масив Атак“ многу потсетува на стилот на Бенкси, а минатата година неговиот колега Голди зборувајќи за Бенкси го нарече со името „Роберт“.

Роберт Ганингхем

Друг осомничен е уметникот од Бристол, Роберт Ганингхем. Криминолозите од Универзитетот „Кралицата Мери“ во Лондон користеа процес на „географско профилирање“ за да го следат Бенкси во 2016 година, и голем број од 140-те локации на уметничките дела на мистериозниот уметник се совпаѓаа со движењето на Роберт Ганингхем.

„Би бил изненаден ако испадне дека не е тој. Нашата анализа покажува дека тој и Бенкси се движат по истата рута“, изјави Стив Ле Комбер, автор на проектот со географско профилирање.

Тери Гета

Малиот, комичен француски артист кој беше главниот лик во документарниот филм „Exit Through the Gift Shop“ исто така е дел од осомничените. Теориите за него велат дека тој е всушност генијалниот Бенкси, кој во филмот се открива пред очите на публиката. Тој е многу попознат како Mr. Brainwash, уметничкото име под кое работи.

Останати осомничени

Во последните 15 години, откако Бенкси е на сцената, беа пријавени многу случаи за луѓе кои наводно препознале кој стои зад делата кои се пријавени како негови. Во октомври 2014 година полицијата во Ливерпул го обвини локалниот уличен уметник Пол Хорнер дека бил забележан на локација каде подоцна се појавило дело на Бенкси. Една година подоцна, во Њу Јорк беше обвинет графити уметникот Ричард Фајфер поради сомнение дека тој го нацртал муралот кој беше потпишан со името Бенкси.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Живот

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more
 

Магазин

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе