Кој е данскиот милијардер чии деца загинаа во Шри Ланка?

Милијардер кој живее скромно, го обожава семејството и е многу посветен на зачувување на природата, ова се зборовите со кои светските медиуми до пред два дена го опишуваа данскиот моден тајкун Андерс Холф Повлсен.

Меѓутоа, по низата бомбашки напади на Шри Ланка, приказната за него сега се сведува на еден трагичен факт, меѓу жртвите во самоубиствените напади загинаа и неговите три деца.

Повлсен важи за најбогат Данец во светот, но најважно во неговата биографија е што е татко на четири деца. За жал, три деца ги загубија животите во трагичните велигденски настани во Шри Ланка. Тој беше татко на три ќерки и син, но не се знае кои деца загинаа во нападите.

За разлика од многу милијардери, Повлсен и неговата сопруга живеат скромно. На социјалните мрежи нема детали од нивниот приватен живот. Сега, поради трагичните настани во Шри Ланка, ова скромно семејство се најде во центарот на светските медиуми. Како што наведуваат медиумите во Велика Британија, Повлсен и неговата сопруга сакале нивните четири деца да имаат нормално детство. Децата оделе во државни училишта, заедно се возеле со стар фолксваген и заедно се залагале за зачувување на животната средина.

Многу малку фотографии има од децата на социјалните мрежи. Пред три дена, најстарата ќерка Алма објави фотографија на Instagram со братот и сестрата на одмор во Шри Ланка.

Пред само неколку дена пред децата да загинат, данскиот милијардер и неговата сопруга Ана Сторм Педерсен изјавија дека имаат план да им ги предадат нивните 12 имоти во Шкотска. Во отворено писмо соопштија дека заедно со имотите, на децата во аманет им оставаат проект на „декултавизација“.

Нивната намера беше 90.000 хектари шкотски имот со прекрасен пејзаж да го вратат во првобитната состојба, односно да го остават во најприродната состојба. Заедничкиот потфат на семејството беше наречен „Дива земја“. Но, сето ова беше претходно, пред да се случи трагедијата.

Денес, два дена по бомбашките напади во Шри Ланка, сè уште не се знае кое дете од семејството успеа да преживее.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Читај повеќе

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе