Овој англиски лекар го врежа своето име меѓу хероите откако во рок од три месеци спаси два живота на фудбалските терени во Англија.
Том Причард спаси навивач на Њукасл пред три месеци на мечот против Тотенхем, кој беше прекинат поради срцевиот удар на трибините.
Причард во таа прилика, како навивач на натпреварот бил присутен во цивилна облека, но со брза реакција му го спасил животот на навивачот. Сѐ се случи во октомври, а по натпреварот тој работеше ноќна смена во болницата Норт Тис во Стоктон.
Речиси идентична ситуација му се случи и на големиот херој синоќа. Овој пат беше на должност, бидејќи работи во англискиот второлигаш Мидлсброу.
Со лекарскиот тим на Мидлсброу беше на гостување кај Блекбурн во Премиер лигата, а со колегата Крис Мозели истрча да му помогне на навивач кој доживеа срцев удар.
Дуото му пружило прва помош и му го спасило животот, иако постариот господин на трибините не давал знаци на живот.
„Блекбурн Роверс со задоволство соопштуваат дека постариот господин, кој доби медицинска помош за време на натпреварот, моментално е во стабилна состојба во болница“, изјави поранешниот англиски шампион.
Несреќата се случи на средината на второто полувреме на трибината „Џек Вокер“. Натпреварот заврши 1:0 во корист на домаќините.