Кој е Доменико Тедеско, новиот селектор на Белгија?

Белгија го ангажираше Доменико Тедеско како нов селектор: еве го профилот на италијанскиот стратег кој може да ја оживее меѓународната кариера на Ромелу Лукаку следејќи ги стапките на Антонио Конте.

Белгија го потврди назначувањето на Тедеско со официјално соопштение објавено денеска.

„Неговата мисија е да ги квалификува белгиските 'Црвени ѓаволи' на ЕУРО 2024 во Германија. Првиот квалификациски натпревар ќе се одигра на 24 март во Стокхолм против Шведска“, објави Кралската белгиска фудбалска асоцијација.

„За мене е голема чест да бидам нов селектор на Белгија. Навистина се радувам на задачата и сум исклучително мотивиран. Имав многу добро чувство уште од првиот разговор“, изјави Тедеско.

URL

37-годишниот Тедеско се преселил во Германија од Калабрија кога имал само 2 години. „Не се сеќавам многу на почетокот, но имав среќно детство, со многу пријатели. После училиште се среќавав со другарите за да играм фудбал, беше многу убаво“, рече тој во интервју за La Gazzetta dello Sport во април минатата година.

„По моето дипломирање индустриско инженерство, работев за Daimler, дури и ако не бев директно ангажиран од компанијата што го произведува Mercedes, туку од надворешен добавувач.

„Во 2013 година имав шанса трајно да му се приклучам на младинскиот погон на Штутгарт, што стана моја работа. Тоа не беше ризик, туку огромна можност, никогаш не се покајав за мојата одлука. Го сакам фудбалот и мислам дека е привилегија да се занимавам со овој спорт. Да бидам тренер ме прави да чувствувам оган длабоко во себе. Вака беше кога играв како дете и ништо не се смени“.

Тој, исто така, ја презеде одговорноста за младинските тимови на Хофенхајм пред да го добие своето прво назначување во професионалниот фудбал во германскиот второлигаш Ерцгебирге Ауе за последните 11 натпревари од сезоната 2016/2017 година.

Тедеско беше ангажиран од Шалке 04 во летото 2017, завршувајќи втор во својата прва сезона во Бундеслигата. Го напушти клубот во 2019 година за да потпише со московски Спартак, каде што остана две сезони пред да се врати во Германија, потпишувајќи за РБ Лајпциг.

Таму ја презеде одговорноста на 9 декември 2021, заменувајќи го привремениот тренер Ахим Бајерлорцер. Стигна до првата четворка во Бундеслигата во 2021/2022 и го освои ДФБ купот, негов прв и единствен трофеј на професионално ниво досега.

И покрај тоа што целиот свој живот го минал во Германија, како и две години во Русија, Доменико има корени длабоко поставени во Италија.

„Ова е нешто што секогаш ме прашувале. Се чувствувам многу Италијанец, моите родители се од таму“, рече тој во интервју за Лајпциг пред една година.

„Можеби се преселивме во Германија кога имав 2 и пол години, но секој летен одмор го поминувавме во Италија и многу мои роднини сè уште живеат таму, така што јас сум многу Италијанец“.

Неговото презиме, Тедеско (Tedesco), на италијнски всушност значи Германец или германско, што е интересна коинциденција со оглед на тоа што е и германски државјанин.

Преферираната формација на Тедеско е 3-4-1-2 и не е случајно што Антонио Конте е негов пример.

„Учам од сите. Ги гледам натпреварите на Барселона, Ајакс, Милан, Јувентус, Интер, Рома и Челси. Никој не може да измислува фудбал, туку може само да го учи“, рече тој пред дуелот со Аталанта во Лига Европа минатата сезона.

„Ако треба да наведам еден (модел, заб. на прев.), би рекол Антонио Конте, бидејќи тој направи големи нешта, а мислам дека го прави истото и во Тотенхем“.

Можеби водењето на Лукаку под Конте во Интер ќе го инспирирало Тедеско, особено откако ѕвездата на „Нераѕурите“ беше обвинета за предвременото испаѓање на Белгија од Мундијалот во Катар, што доведе до отказот на Роберто Мартинес.

Лукаку постигна 64 голови на 95 настапи под водство на Конте во Интер пред трансферот во Челси од 115 милиони евра во 2021 година.

Помеѓу ѕвездите кои Тедеско ги има тренирање е и Кристофер Нкунку, кој на лето ќе му се приклучи на Челси од РБ Лајпциг.

„Надвор од теренот тој е многу тивка личност, но и паметен играч“, изјави Тедеско за Sky Sport лани.

„Работи многу и секогаш е фокусиран. Тој е толку брз на теренот, има квалитет и добар шут. Тој е многу, многу интересен“.

Белгија соопшти дека Тедеско потпишал договор до ЕУРО 2024, нагласувајќи дека Италијанецот е „модерен тренер со меѓународно искуство на највисоко ниво, кој сака да игра офанзивен стил на фудбал со голем притисок напред“.

Можеби, по неговата авантура со Белгија, Тедеско конечно би можел да се врати во Италија, застанувајќи на чело на некој клуб од Серија А. Тој веќе беше поврзуван со неколку тимови на Чизмата, вклучувајќи ја и Фиорентина, пред назначувањето на Винченцо Италијано во 2021 година.

„Италија е земја на фудбалот и отсекогаш ми се допаѓала Серија А. Единственото нешто што можам о да кажам е дека еден ден би сакал да бидам тренер во Италија“, изјави еднаш Тедеско за TMW.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Read more

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more
 

Спорт

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе