Кој е филмот што го засени „Top Gun“ во Кан?

Филмскиот фестивал во Кан полека привршува, а покрај одличниот црвен тепих на кој блеснаа некои од најголемите ѕвезди, беа претставени и некои од долгоочекуваните наслови. Сепак, еден од нив се истакна.

Публиката и критиката не престануваат да зборуваат за „Triangle of Sadness“ на наградуваниот шведски режисер Рубен Остлунд, откако филмот беше претставен на фестивалот.

Една од главните улоги во оваа црна комедија ја играше Вуди Харелсон кој го отелотвори ликот на капетан на брод.

Филмот ја следи познатата двојка Карла и Јаја, кои ги играат Харис Дикинсон и Чарлби Дин, кои одат на крстарење за ултрабогати. По несреќа, тие заглавуваат на пуст остров заедно со група милијардери и чистачка каде што почнуваат да ги преиспитуваат своите улоги во животот на другиот.

Откако беше претставен, „Triangle of Sadness“ беше проследен со аплауз кој траеше осум минути, по што Остлунд рече дека поради тоа се чувствува како да е на „фудбалски стадион“.

Variety исто така истакна дека овој филм „ги засени сите досегашни филмови, па дури и Top Gun, а Харелсон имаше порака за гледачите, за кои ова беше незаборавно искуство.

„Остлунд може да ве направи несреќни. Ве тера да размислувате. Може да ве натера да се чувствувате како да има поента да го гледате филмот и уште поважно, ве тера да се смеете цело време“, заклучи славниот актер.

Шведскиот режисер последен пат се појави во Кан со филмот „The Square“ од 2017 година, кој му ја донесе Златната палма.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Филм & ТВ

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Read more

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе