Кој е идеалниот оброк за превенција од рак?

Има многу фактори кои влијаат на ризикот од рак, од кои некои се надвор од наша контрола.

Сепак, правењето свесен избор на храна може да биде корисно.

Изреката „Ти си тоа што јадеш“ ја нагласува важноста на исхраната за нашето здравје. Докажано е дека одредени видови храна го зголемуваат ризикот од развој на канцер, додека други може да помогнат да се намали.

Правилната исхрана, која вклучува важни витамини и минерали, може да му помогне на нашето тело да функционира подобро.

Студијата објавена минатата година покажува дека исхраната може да игра улога во намалувањето на ризикот од рак, пренесува Daily Express.

Истражувачи од Индија анализирале како храната влијае на ризикот од рак и откриле дека иако не постои магичен лек, одредена храна може да ја намали веројатноста за развој на рак. 

Ова се намирници од кои треба да се содржат повеќето оброци на вашето мени:

Овошје и зеленчук: Студијата ја истакна важноста на исхраната богата со овошје и зеленчук. Според авторите на студијата, оваа храна е богата со антиоксиданси, витамини и минерали кои можат да помогнат во заштитата од рак.

Цели житарици: Тие вклучуваат храна како кафеав ориз, овес и интегрален леб, за кои студиите покажаа дека може да бидат корисни против ракот.

Масни риби: Рибите како лосос, скуша и сардина можат да помогнат во намалување на ризикот од одредени видови на рак, особено рак на дебелото црево, поради нивните високи нивоа на омега-3 масни киселини.

Мешунки: Авторите на студијата споменале дека гравот, леќата и другите мешунки би можело да бидат важен дел од исхраната за превенција од рак.

Зелјест зеленчук: Овој зеленчук содржи соединенија наречени изотиоцијанати кои може да имаат својства за борба против ракот. Во зелјест зеленчук се вбројуваат брокула, карфиол, зелка, ротквица и прокељ.

реклама

Здравје

Намирници кои природно го намалуваат воспалението во телото

Read more

Јадете лук: 11 научно докажани здравствени придобивки

Read more

Кои витамини и минерали му требаат повеќе на телото по 40-тата година?

Read more

Вода со маслиново масло и лимон: За подобро варење и здравје на црниот дроб

Read more
 

Магазин

Намирници кои природно го намалуваат воспалението во телото

Читај повеќе

Рецепт за сарма стар 70 години го подели Балканот

Читај повеќе

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Читај повеќе

Магична празнична атмосфера започнува во Дајмонд мол

Читај повеќе

Сеир на денот: Груевски и Заев се караат преку статуси на Facebook

Читај повеќе

Јадете лук: 11 научно докажани здравствени придобивки

Читај повеќе

Кои витамини и минерали му требаат повеќе на телото по 40-тата година?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ракун провалил во продавница за алкохол, се опил и се онесвестил во тоалетот

Читај повеќе
  • play_arrow

Галеб се удри во лицето на водителка и ѝ го раскрвари окото

Читај повеќе