Кој е крал на телефонските чипови?

Конкуренцијата на пазарот на телефонски чипови се интензивира и сè повеќе компании се стремат да бидат лидери во перформансите и да го зголемат уделот на пазарот.

Аналитичката компанија Counterpoint го објави своето глобално истражување на пазарот на процесори за паметни телефони, кое покажува дека Qualcomm и Apple водат кога станува збор за брзината на процесорот, додека MediaTek останува лидер во однос на пазарниот удел.

MediaTek одржува стабилен удел на пазарот од околу 35-40% во текот на претходните квартали, сето тоа благодарение на успехот на неговиот чипсет Dimensity 9200 во премиум сегментот и партнерствата со најголемите кинески производители, како што се Vivo и Oppo.

Сепак, се очекува севкупниот пазар на чипови да забележи мало забавување во текот на четвртиот квартал од 2022 година, поради намалувањето на нарачките од страна на големите кинески производители на мобилни телефони, прилагодувањата на залихите, глобалните макроекономски услови и слабеењето на кинескиот пазар.

Qualcomm забележа помал пораст на пазарниот удел, од 27% во текот на третиот квартал од 2021 година на 31% во истиот период во 2022 година.

Snapdragon чиповите на компанијата се најзастапени во сегментот на премиум телефони, а Qualcomm неодамна објави партнерство со Samsung за опремување на телефонот Galaxy S23 со своите процесори.

Пазарниот удел на Qualcomm се очекува да се намали во текот на четвртиот квартал, поради истите причини наведени во случајот со Mediatek.

Кога станува збор за Apple, компанијата имаше голем раст на полето на чипови во четвртиот квартал од 2021 година и во текот на вториот квартал од оваа година, благодарение на најавата за новиот модел iPhone 14 Pro и другите телефони од линијата, како и чипот A16 Bionic.

Испораките на чипови на Apple се очекува да пораснат во четвртиот квартал од 2022 година.

Тагови
реклама

Хиперсоничен авион ќе патува од Европа до Австралија за само 4 часа

Read more

Познати цените за новите Москвич модели

Read more

Италија го забрани ChatGPT, трката за развој излезе од контрола

Read more

Колку долго човек може да остане буден?

Read more

Хардвер

Најголемите заблуди за батеријата и полнењето на мобилниот телефон

Read more

Купување лаптоп: Како да одберете некој што ќе трае долго?

Read more

Redmi покажа како полни батерија од 0 до 100% за помалку од пет минути

Read more

Како да го полните телефонот за да ви трае подолго батеријата?

Read more
 

Гик

Хиперсоничен авион ќе патува од Европа до Австралија за само 4 часа

Читај повеќе

Италија го забрани ChatGPT, трката за развој излезе од контрола

Читај повеќе

Колку долго човек може да остане буден?

Читај повеќе

Креативни начини како подобро да го организирате вашиот фрижидер

Читај повеќе

Познати првите детали за телефонот Samsung Galaxy S24 Ultra

Читај повеќе

Откриена планета голема колку Јупитер, но со густина поголема од олово

Читај повеќе

Илон Маск стана најследената личност на социјалната мрежа што си ја купи

Читај повеќе

Младите повеќе ги сакаат легендарните „глупави телефони“

Читај повеќе

Virgin Orbit се откажа од вселенските операции, отпушта 90 отсто од вработените

Читај повеќе