Кој е лекот за несоница?

Во општеството во кое живееме навистина е тешко да се издржи без стрес, претеран напор и замор на крајот од денот. Сите овие работи влијаат на спиењето, поточно на несоницата, за која најдобро е да најдете лек што побрзо, пред таа да почне да му штети на вашето здравје.

Најстрашните симптоми од несоницата доаѓаат кога ќе се појави хронична несоница, односно кога пречките во спиењето ќе траат подолго од шест месеци. Во такви случаи несоницата тотално го обзема денот и почнува да прави здравствени проблеми, потешкотии со дигестивниот систем, главоболки и мигрени, а во најсериозните случаи може да биде и причина за депресија.

„Знаеме многу малку за несоницата бидејќи таа е индивидуален проблем кај секој пациент, па мораме да ја третираме различно секојпат кога ќе се сретнеме со неа. Некој не може да спие поради стрес, некој е премногу уморен и заборавил како да се опушти, трет пак можеби има здравствен проблем кој не му дозволува да спие мирно. Не можеме да најдеме универзален лек за сите овие случаи“, вели Клер Ечисон, докторка во институтот во Норвич.

Кога за првпат ќе се појави несоницата, поголемиот дел од луѓето решаваат да се свртат кон апчиња кои ќе им помогнат да заспијат, но докторите сметаат дека ова не смее да биде првиот чекор кон лекување на несоницата. Ако прерано почнете со апчиња, телото со тек на време ќе стане имуно на нивното дејство и потоа нема да можете да преземете ништо повеќе.

Докторите би препорачале различни решенија за овој проблем, со цел пациентите да не почнат да го решаваат проблемот со лекови земени на своја  рака. На пример, докторите би препорачале да ги исфрлите лошите навики од вашето секојдневие. Лошата храна, претераниот стрес на работното место и спиењето во различно време секоја ноќ влијаат на појавување на несоница, па затоа докторите би ви препорачале да се обидете да ги решите овие проблеми пред да барате решенија кои вклучуваат апчиња и терапии.

Наместо лоши, вметнете добри навики во вашиот ден, посебно во ноќта. Истуширајте се со топла вода пред спиење, бидејќи топлата вода ќе го снижи притисокот и ќе ви помогне да се опуштите. Исклучете го телефонот и во никој случај не го земајте во раце додека се обидувате да заспиете, бидејќи на тој начин додавате уште една пречка која ве дели од здравиот сон. Некои доктори би препорачале јадење банана пред спиење, додека други одат дотаму што препорачуваат мастурбација пред спиење, која го има истиот ефект како и топлиот туш, со тоа што таа дополнително ќе ве ослободи од стресот.

Пробајте да смислите ваш личен ритуал пред спиење, кој ќе му сигнализира на телото дека е време за спиење. Ова можете да го направите самите, но исто така можете да најдете помош во некоја од бројните смартфон апликации кои се наменети токму за овој проблем. Несоницата не смее да биде сфатена наивно, затоа грижете се за вашето здравје пред да биде доцна.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Здравје

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Гинеколошки симптоми кои не треба да ги игнорирате

Read more

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе

Зошто не треба да спиете со мокра коса?

Читај повеќе
  • filter

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Читај повеќе

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Читај повеќе

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Читај повеќе