Кој е најдобриот смартфон на пазарот?

Секогаш кога треба да купите нов смартфон сигурно поминувате низ огромен процес во кој анализирате цени, пробувате да ги најдете најдобрите перформанси во однос на цената и на крајот го одбирате оној телефон кој мислите дека ветува најмногу. Со оглед на широката понуда на смартфони во последните неколку години, тој избор може да биде многу тежок. Но, не мора да биде така ако имате намера да го купите најдобриот телефон на пазарот.

Многу често се случува некој смартфон да отскокнува од конкуренцијата, дали со подобра камера или подобар процесор или пак со екран од последната генерација кој се издигнува над останатите. За да ви ја направат задачата на бирање телефон полесна, екипата на магазинот The Verge реши да направи кратка листа со најдобрите смартфони кои се достапни на пазарот во моментот.

Избирањето на нов телефон е потценета, но многу важна одлука во животот. Откако ќе го изберете веројатно ќе го користите во наредните две-три години, па затоа е препорачливо да го изберете најдобриот телефон од понудата. The Verge не обрнуваше големо внимание на цената на смартфонот, туку многу повеќе се фокусираше на перформансите и индивидуалниот квалитет на телефонот.
 
Како апсолутно најдобар телефон на пазарот екипата на The Verge го одбра iPhone X. Според нивните зборови ова не е само најинтересниот и најдобриот модел на Apple, туку е и „најдобриот смартфон некогаш произведен. Атрактивниот дизајн комбиниран со брзите перформанси, врвната камера, чистите и гласни звучници, фантастичниот дисплеј и долгиот живот на батеријата го прават iPhone X единствен кандидат за приматот на Најдобар телефон на пазарот. Со сите новитети кои Apple ги вметна во iPhone X беше очекувано дека цената може да оди само нагоре. Сепак, колку и цената да изгледа скапа мора да земете во предвид дека со перформансите на iPhone X вие го купувате телефонот и за наредната година. Крајната оцена на The Verge за iPhone X е 9.
 
Во нивото веднаш под iPhone X тие ги ставија Samsung Galaxy S9 и Galaxy S9 Plus. Поради нивните одлични процесори, брзината на новата серија на Galaxy телефони е импресивна и тие се одвојуваат од сите останати Android уреди со перформансите. Во нивна корист оди и фактот што Android телефоните се многу позастапени во светот, па со тоа и повеќе луѓе се навикнати на овој оперативен систем, што може да им даде предност во однос на моделите на Apple, кои користат iOS. Иако од The Verge напоменуваат дека најдобрите Android телефони доаѓаат од Google, сепак на Galaxy S9 и Galaxy S9 Plus им дадоа прилично висока оцена од 8,5 на скалата до 10.

Оцена од 8,5 добија уште и Samsung Galaxy Note 8, Google Pixel 2 и Huawei P20 Pro, со што јасно се наметнуваат како добар избор во телефоните чија цена не припаѓа во највисоката класа. Од нив, најдобри препораки доби Huawei P20 Pro, кој иако има неколку јасни недостатоци сепак многу се издигнува над конкуренцијата со одличната батерија и софистицираниот дизајн.

Ако решите да купите нов смартфон, овие препораки од The Verge би можеле да ви користат. Пред да купите нов смартфон, запаметете дека најдобриот избор ќе биде оној телефон кој е најдобар во рамките на вашата куповна моќ.
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе