Фит

Кој е најдобриот тренинг за слабеење?

16. март 2017 - 13:09 | Кајгана

Доколку следите добра диета, било кој тренинг ќе ви помогне при слабеењето. Тренингот можете да го базирате на кардио вежби или на вежби за сила, а на двата начини можете да остварите голема потрошувачка на калории и така да го олесните и забрзате губењето на вишокот килограми.

Меѓутоа, колку подолго изведувате одреден тренинг, вашиот организам ќе станува се поефикасен, па користа од тој тренинг е се помала. Нашето тело ќе се навикне на одреден тип тренинг, но и на вежбите кои постојано ги правиме, па потрошувачката на калории со тек на времето ќе стане помала. Доколку сакате да потрошите повеќе калории, мора да ги менувате вежбите и активностите, како и типот на тренингот.

Трчањето може да помогне кај слабеењето, но доколку телото веќе се навикнало на оваа активност, потрошувачката на калории ќе биде помала, бидејќи помалку енергија е потребна за самата изведба, а на лесно и умерено трчање, телото лесно и брзо ќе се навикне. За да имаме што повеќе корист од тренингот за слабеење, нашето тело мора да биде неефикасно за изведување на вежбите, односно активностите кои ги правиме и на начинот на кој што вежбаме.

Стручњаците велат дека HIIT тренингот со вежби за сила (може да се комбинира и некоја кардио активност) е еден од најефикасните тренинзи за слабеење, бидејќи на него телото тешко може да се прилагоди, а освен потрошувачката на калории за време на тренингот, HIIT методата ќе го натера организмот да согорува калории уште долго време во фаза на мирување.  Тоа се случува поради разните процеси кои се случуваат во телото како дел од закрепнувањето и адаптацијата на тренингот.

HIIT методата опфаќа изведување на вежби и кардио активности со голем интензитет и кратки интервали со кратки интервали на паузи. Оваа метода нуди безброј можности бидејќи речиси сите вежби и активности може да се комбинираат во ваков тренинг. Тренингит може да опфаќа само една вежба за сила или кардио активност, но и повеќе. Најчесто, интервалите со висок интензитет траат 10-30 секунди, а паузите од 10-60 секунди помеѓу интервалите. Паузата може да биде пасивна - целосен одмор или активна - да се врши некоја активност со лесен интензитет.

Исто така, една од предностите е што тренингот може да трае 20 минути, а потрошувачката на калории може да биде поголема во споредба со подолготрајно вежбање.

Коментирај