Кој е најмногу изложен на ризик од „долгорочен КОВИД“?

Возраста и широкиот спектар на првични симптоми го зголемуваат ризикот од „долгорочен КОВИД“, тврдат научниците.

Студија што на увид ја доби британски BBC, проценува дека секој дваесетти КОВИД пациент боледува осум недели. Истражувањето спроведено од Кингс колеџ во Лондон исто така покажува дека ризикот е поголем кај жени, луѓе со прекумерна тежина и лица со астма.

Целта е да се утврди раниот предупредувачки сигнал што може да ги идентификува пациентите на кои им е потребна дополнителна нега или кои би можело да имаат корист од рано лекување.

Научниците направиле анализа на податоците за да забележат обрасци кои би можело да предвидат кој ќе биде изложен на болеста долгорочно.

Резултатите, кои допрва треба да бидат објавени, покажуваат дека долгорочниот КОВИД може да влијае на секого, но дека некои фактори сепак го зголемуваат ризикот.

„Имањето на повеќе од пет различни симптоми во првите недели е еден од клучните фактори на ризик“, изјави д-р Клер Стивс од Кингс колеџ за BBC News.

COVID-19 е повеќе од обична кашлица, а вирусот што го предизвикува може да влијае на сите органи во телото.

Некој кој има кашлица, умор, главоболка и дијареја или го изгубил чувството за мирис, има поголем ризик од оној што само кашла.

Ризикот, исто така, се зголемува со возраста, особено по 50-та година од животот, и е поизразен кај жените.

„Видовме од раните податоци дека мажите имаат поголем ризик од потешка форма на болест и смрт од COVID-19, а сега гледаме дека жените имаат поголем ризик да добијат долгорочен КОВИД“, вели д-р Стивс.

Ниту еден претходен здравствен проблем не бил поврзан со долгорочниот КОВИД, освен астма и белодробни заболувања.

реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе