Музика

Кој е најплатениот хип-хоп музичар на светот?

14. септември 2018 - 14:18 | М.Д.

Раперот Џеј Зи е прогласен за најдобро платен хип-хоп уметник во светот за 2018 година, откако заработи 76,5 милиони американски долари во изминативе 12 месеци.

Шон Картер, познат под името Џеј Зи, успеа да го надмине раперот и музички продуцент Шон Комб (Паф Деди), кој три години по ред се наоѓаше на врвот на годишната листа на магазинот „Forbes“.

Џеј Зи го промовираше својот последен албум „4.44“ во втората половина од 2017 година, а оваа година настапуваше со својата сопруга Бијонсе на заедничката турнеја „On The Run II“.

Парот исто така го објави албумот „Everything is Love“, кој излезе во јуни оваа година.

Паф Деди успеа да оствари заработка од 64 милиони американски долари во 2018 година, најмногу благодарение на царството на пијалаци, кои влегуваат во рамките на брендот Ciroc.

Кендрик Ламар е трет на оваа листа, откако неговата годишна заработка за 2018 година е проценета на 58 милиони американски долари, после напорните распореди кои ги имаше во рамките на своите турнеи.

Канадскиот рапер Дрејк се најде веднаш зад Ламар, со вкупна заработка од 47 милиони долари. Неговата музика забележа пет милиони стримови во изминативе 12 месеци.

Во првите десет хип-хоп артисти на оваа листа влегуваат уште и Џ. Кол, Доктор Дре, Нас, Кање Вест, Future и Пит Бул.

Коментирај