Renault Clio ја надмина продажбата на Volkswagen Golf и стана најпродаван автомобил во Европа во февруари.
Според податоците, побарувачката за Renault Clio во текот на месецот февруари е поголема за разлика од Volkswagen Golf.
Clio го нарачаа дури 24.914 купувачи, а Golf 24.735.
И двата модела бележат пад на продажбата во однос на минатата година и тоа Clio за 4 проценти, а Golf за 21 процент.
Пандемијата со коронавирусот допрва ќе предизвика проблеми во автомобилската индустрија.