Авто новости

Кој е најпродаван пикап во 2019 година?

13. септември 2019 - 14:49 | А.С.

Во оваа класа на возила владее остра конкуренција, пред сѐ меѓу американските и јапонските брендови.

Најпродаван пикап во првата половина од годината беше Ford F-Series, со  538.436 испорачани возила, пренесува сајтот focus2move.com.

На второ и трето место исто така има американски модели, и тоа Ram pick-up со 346.842 продадени примероци и Chevrolet Silverado со 287.413 единици.

Најдобро пласиран јапонски пикап е Toyota Hilux кој стигна до 272.293 купувачи ширум светот, а петтата позиција ја држи Isuzu D-Max (171.035 единици).

Вака изгледа листата на 10-те најпродавани пикап модели низ светот досега во 2019 година:

1. Ford F-Series      538.436 продадени примероци

2. Ram pick-up        346.842

3. Chevrolet Silverado      287.413

4. Toyota Hilux        272.293

5. Isuzu D-Max        171.035

6. Ford Ranger        158.730

7. Toyota Tacoma  132.740

8. GMC Sierra          127.225

9. Chevrolet Colorado      79.137

10. Nissan Navara  66.660 продадени примероци.

Коментирај