Кој е новиот Холанд – дечкото кој им зададе страшен удар на Мурињо и Рома?

Фудбалерите и навивачите на Рома долго ќе го паметат четвртокот и натпреварот со Бодо/Глимт во 3. коло од Конференциската лига.

 

Уште подобро ќе запаметат едно име - Ерик Ботхајм, кој постигна два гола и три асистенции во таа сензационална победа на Норвежаните од 6:1.

Станува збор за фудбалер роден во 2000 година, кој своевремено важеше за најголема надеж на норвешкиот фудбал. Роден во иста година како и напаѓачот на Дортмунд, Ерлинг Холанд, ги имаше сите предиспозиции да биде уште подобар, но како што често се случува во фудбалот, се случува „не за кого е печено, туку за кого е речено“.

Со Холанд се познаваат 12 години и на почетокот не биле баш пријатели, за подоцна да се зближат и во 2016 година снимиле дури една песна, која има над осум милиони прегледи на Јутјуб.

Ботхајм во јуниорските денови важеше за поталентиран од Халанд, на 11 години беше на проба во Барселона, а на 15 години професионално дебитираше во тимот на Лина во третата лига.

Замина во Розенбог, но таму падна во втор план бидејќи тренерите не веруваа во него.

Минатата година беше позајмен на Стабек, но таму не постигна гол, а летото 2020 година како слободен играч потпиша за Бодо/Глимт.

И тоа беше погодок, тимот ја однесе титулата, а оваа сезона на 35 натпревари во сите натпреварувања постигна 19 гола, 13 во првенството и шест во Европа и повторно се на врвот на табелата.

Како што стојат работите, натпреварот со Рома и одличната игра му отвораат многу врати кои беа затворени долго време.

Се шпекулира дека неговиот менаџер веќе има повици и дека некои клубови сакаат да го ангажираат во јануари.

Којзнае, можеби наскоро ќе тргне по стапките на Ерлинг Холанд и ќе потврди дека оние кои верувале во него уште во детството, навистина биле во право.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе