Кој е побрз: Tesla Model X P100D или Lamborghini Aventador SV? (Видео)
Сте се прашале кој ќе победи во трка меѓу СУВ возило и спортски ориентиран суперавтомобил? Дечките од Drag Times објавија видео во кое силите си ги одмерија Tesla Model X P100D и Lamborghini Aventador SV.
Model X имаше подобар старт и водеше, па Aventador го стигна и на крај преку целната линија прв помина СУВ моделот, оставајќи го зад себе скапоцениот суперавтомобил за 0,05 секунди.
Во второто возење Model X имаше време од 11,418 секунди постави нов светски рекорд за најбрз СУВ.