Кој е полицаецот кој со три потези спречи трагедија во Капитол хил?

Видео снимено за време на нападот на приврзаниците на Доналд Трамп врз зградата на Конгресот, веројатно најдобро сведочи за природата на конфликтот што го шокираше светот.

Токму поради тој упад, односно немирите и насилството предизвикано од приврзаниците на Трамп, беше инициран и изгласан импичмент на претседателот во заминување, кој е обвинет за повикување и поттикнување немири.

Најгледаното видео од тој настан го направи новинарот на онлајн изданието на Huffington Post Игор Бобиќ и најдобро покажува дека полицаец со афроамериканско потекло всушност спречил уште поголем конфликт.

URL

Видеото покажува конфронтација меѓу полицаец и група претежно бели бунтовници кои упаднаа во Капитол хил на 6 јануари во обид да го оспорат резултатот од минатогодишните претседателски избори во САД на кои Џо Бајден го победи Трамп.

Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи, а полицаецот беше прогласен за херој бидејќи им се спротивстави на напаѓачите кои постојано му се приближуваа 85 секунди, без употреба на насилство или смртоносна сила.

URL

За време на тој напнат конфликт, полицаецот двапати се повлекуваше по скалите, но експертите велат дека тој всушност не се повлекол, туку дека ја влечел бесната толпа од салата каде што седи Сенатот, тогаш полн со сенатори заштитени од вооружени полицајци, вклучително и еден со полуавтоматско оружје.

Полицискиот оддел во Капитол не го откри идентитетот на полицаецот, но тројца негови пријатели за Washington Post изјавија дека станува збор за Јуџин Гудман од државата Мериленд.

URL

Кирк Буркелтер, професор по право на Правниот факултет во Њујорк и поранешен полицаец во градскиот полициски оддел, за Washington Post изјави дека Гудман со тоа веројатно спречил избувнување на насилен судир и поголема трагедија.

„Ако постапеше поинаку, можеше да има многу повеќе жртви тој ден“, рече тој по проверката на наведените снимки.

„Овие луѓе дојдоа таму со пластични лисици. Не е неразумно да се мисли дека беа подготвени да земат заложници... Полицаецот Гудман значително помогна да се спречи поголема трагедија“.

Инаку, во немирите тој ден беа убиени пет лица.

URL
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе